40 пожари дневно во Македонија – пронајдени гуми на Осоговските планини

July 23, 2025
1 min read

Во последните 24 часа регистрирани се вкупно 40 пожари, од кои 33 се изгаснати, 5 сè уште се активни, а 2 се ставени под контрола.

Според оперативниот план подготвен од Централниот штаб за управување со кризи, покрај екипите на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, од утринава се активирани и два Air-Tractor авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, како и специјализирани возила – пизгауери.

„Сè уште е активен пожарот во Општина Василево, кој во последниве два дена се прошири и кон Општина Радовиш, кај селото Вичино, поточно на Големата Планина, каде што гори висока шума и ниска вегетација.“, вели Надица Вчкова.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека вчера попладне, во заедничка акција со МВР, во атарот на Осоговските планини биле пронајдени десетици автомобилски гуми, за кои постои сомнение дека биле намерно запалени.

Во гаснењето на пожарите во изминатиот период учествуваат два Ер Трактори, а третиот со кој располага дирекцијата за Заштита и спасување се уште е на сервис. Во гаснењето учествуваат и хелихоптер на МВР и АРМ.

„Третиот Air-Tractor се очекува да се врати од сервис на почетокот на август, фирмата што го сервисира има многу работа и не може да постигне. Се појавија неочекувани дефекти кои одзедоа повеќе време. На располагање имаме два полициски хеликоптери и два од Армијата.“, вели Стојанче Ангелов.

Што се однесува до владината мерка за времено вработување на 400 пожарникари, Ангелов вели дека досега се пријавиле околу 500. Тие ќе бидат обучени за учество во акциите на Дирекцијата за заштита и спасување. Инаку, властите апелираат до сите граѓани доколку забележат сомнително однесување што укажува на намера за предизвикување пожар далеку од населено место – како што се гуми, дрвени палети, пластични шишиња, веднаш да пријават на 112 или во најблиската полициска станица, или кај полициски службеник или припадник на друг безбедносен сервис.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Просечната нето-плата во мај речиси 46.000 денари

Следно

Мали морски желки од загрозен вид направија први чекори кон морето кај Мерсин

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop