28-годишно момче тврди дека го претепале полицајци, МВР нема записник, се нашол во погрешно време на погрешно место

January 21, 2025
1 min read

Иако поминаа три дена, трагите од крв се уште стојат на влезот на скопско Шуто Оризари. Во текот на полициска акција во раните утрински часови во саботата, 28 годишно момче се нашло во погрешно време на погрешно место. Оштетениот А.М. вели дека поради викотниците кои ги слушнал излегол да види што се случува во неговата населба. Според него, кога стигнал таму, го фатиле двајца полициајци во униформа со маска и еден во цивилка, кои брутално го истепале и потоа му рекле да се врати дома.

-Ми рекоа да легнам на земја, легнав и ги кренав рацете. Едниот ми ја стави ногата на врат, ми ги држеа рацете и почнаа да ме напаѓаат по глава двајцата кои беа со маски. Им реков дека тука живеам, во оваа куќа. Кога ме кренаа му го видов лицето на цивилниот полицаец и ми рекоа да одам дома и потоа ќе дојде полиција. Им реков како да одам, крвавам целиот. Тие отидоа натаму кон населбата спроти, од другата страна, каде беше полициската акција, изјави А.М. граѓанин кој го пријави случајот.

Неговата мајка за ТВ21 раскажа како трчала по синот да го спаси од рацете на овие полицајци. Таа вели дека не и било дозволено ни брза помош да дојде. Еден час по инцидентот, мајката вели дека Брзата помош пристигнала, но не напишале извештај дека синот е истепан од службено лице, како што рекла во изјавата. Таа вели дека утредента случајот го пријавила во полициската станица во Бутел, но од таму не добила полициски записник дека е документиран случајот.

-Ми велат, госпоѓо однесете го сама во болница! Му кажувам како да го однесам до Брза помош кога целата улица е со полиција. Да одиме пак да не тепаат? Ќе го пратам детето во оган! Му велам да повика брза помош бидејќи момчето крвари. Како што се приближив, ја видов капата врз него, а како што се приближив, видов крв на земјата и сфатив дека мора да имаме факти за да го докажеме тоа. За овие случаи кои се во судовите и во полиција, треба да имаме многу факти за докажување, бидејќи понекогаш знаат и да ги сокријат, изјави мајката на оштетениот.

Побаравме одговор и од МВР. Случајот не е документиран во полицискиот билтен. Но, во соопштението на МВР се наведува дека акцијата спроведена од 18 до 19 јануари на 21 локација во Скопје и Гевгелија, резултирала со претрес на 16 лица осомничени за шверц на дрога во бандата Раде Трајковски-Штекли. Членовите на семејството бараат правда, најавувајќи дека ќе го тужат МВР за употреба на прекумерна сила без никаков сомнеж или вина врз нивниот 28-годишен син за кој велат дека претрпел здравствени последици.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајчулевски: Спротивно на закон, финансиски план за веќе завршена година се најде пратениците

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Бројните средби на премиерот со влијателни личности во САД, создаваат нови можности за инвестиции во Македонија

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна
Go toTop