25 ГОДИНИ УМЕТНИЧКА КАРИЕРА СО ЛАТИНО ВЕЧЕР: Симон Трпчески на 20 декември во арена „Борис Трајковски“

December 1, 2025
1 min read

На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Настан кој не се одбележува само со аплауз, туку со пиетет, восхит и неизмерна гордост.

Тони Цифроски од „КултурОп“ посочи дека само оваа сезона Трпчески настапил во Прага, Барселона, Сиетл, Будимпешта, Вашингтон, Франција, Монте Карло, Сарагоса, Полска, Германија, Словенија…и ќе ја заокружи оваа година со настапот во Скопје.

Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и врвна интерпретација. Заедно со квинтетот „МАКЕДОНИСИМО“ и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги надмине жанровите и границите.

– Огромна чест е, но уште повеќе е задоволство да се настапува со уметник како Симон Трпчески . Кога заедно ќе застанете на сцена едноставно се чувствувате дека сте над нивото на кое сте навикнати. Такво е влијанието на уметни како Симон, а тој е многу едноставен за соработка . Музиката која ќе ја изведуваме ми прави задоволство. Станува збор за латино вечер, со многу страст и многу емоции и многу ритмика и убеден сум дека публиката која ќе дојде на концертот ќе ужива, рече Татарчевски.

Трпчески на денешната прес конференција посочи дека особено е среќен што сезоната ја заокружува со концерт во Скопје и дека емоциите се особено интензивни кога се настапува дома.

– Концертот ќе вклучи комбинација на различни композитори, ќе изведам едно дело кое многу ми е мило -станува збор за „Шпанска рапсодија“ кое ќе биде премиерно изведено во Македонија. Овој пат ќе има проширен број на учесници и му благодарам на маестро Сашо Татарчевски кој се одзва на мојата покана да ја делиме сцената на 20 декември. Многу се радувам што ќе ја сподеиме љубовта, страста кон музиката со сите колеги кои ќе бидат на сцена, рече Трпчески.

По минатогодишниот фантастичен концерт во арена „Борис Трајковски“, кога Симон Трпчески ја наполни салата до последно место и ги остави присутните без здив, годинава тој се враќа со јасна причина за славење.

– Една идеја и средба прерасна во соработка која планираме да стане во традиција. За нас е голема чест да соработуваме со маестро Симон Трпчески особено што годинава тој одбележува 25 години кариера, рече Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“.

25 години врвна музичка кариера, исполнета со настапи на најпрестижните сцени, соработки со елитни оркестри и интерпретации што оставаат траен печат. Пат исполнет со непоколеблива посветеност кон уметноста, со страст што не згаснува и со визија што постојано се надградува. Јубилеј што сведочи за храброста да се остане верен на сопствениот израз, дури и кога тој го менува светот околу себе.

Настанот е во организација на „Прагма продукција“, а картите за истиот се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меланија Трамп ја накити Белата куќа: Домот е таму каде што е срцето (ВИДЕО)

Следно

Мицкоски потврди: Напролет промени во Владата и државните институции

Latest from Blog

Првата млада месечина во 2026 година носи ВРТОГЛАВ УСПЕХ ЗА ОВИЕ 4 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ

Првата Млада Месечина во 2026 година ќе се случи на 18 јануари во знакот на Јарец, носејќи можност за хармонизирање на желбите и поставување цели за следниот шестмесечен период. Младата Месечина го

Џирона со гостински триумф кај Еспањол

Екипата на Еспањол слободно може да се каже дека направи голем кикс вечерва во рамките од новото коло во Примера шампионатот. Загуби на свој терен од тимот на Џирона со 0:2, и

Проданоски: Лука Најдоски е гордост на Прилеп и доказ дека младите имаат светска иднина

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати јавна честитка до шеснаесетгодишниот Лука Најдоски, актуелен светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство, нагласувајќи дека неговиот успех е гордост не само за Прилеп, туку и
Go toTop