24 анализа: Како се планира првиот буџетски ребаланс на новата Влада?

July 1, 2024
1 min read

Се крои првиот ребаланс на буџетот, кои се плановите на новата министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска? 

– Се екипира кабинетот полека, а особено ми е мило што доаѓаат и луѓе од приватниот сектор. Тоа е многу тешко, тешко е да се привлечат луѓе од приватниот сектор во државната администрација, вели министерката Димитриеска-Кочовска.

Министерката вели дека се уште не е направен ребалансот прецизно, туку утре ќе биде пуштен буџетскиот циркулар за кој ќе има само два дена да се изјаснат сите за потребите. Според неа, приоритет ќе биде се она што е законска обврска како што платите според потпишаниот договор за што не беа обезбедени средства, а ќе има корекции и на пензиите. 

– Ќе има и кратења. Мене ме чуди зошто воопшто уште има ставка за Ковид. А некои ставки ќе се преиспитаат, вели министерката Димитриеска-Кочовска. – Ние имаме ситуација со години да се зголемува буџетот, а ние не сме добиле ништо од тоа. На пример од Секретаријатот за европски прашања на преговори во Брисел оделе 30 луѓе. Зошто? Можело да одат двајца. Оттука има простор за кратење на непотребни трошоци и пренасочување на тие средства за проекти кои се функционални. Имало лошо управување со средствата и многу „затворени“ средства кои стоеле и не се користеле за реализација на каптални расходи, вели министерката.

Ангел Димитров смета дека за оваа година ќе мора да се намалат некои капитални инвестиции за да можат да се покријат другите потреби. 

– Јас се согласувам дека може да има поголем јавен долг, но треба да се внимава да не одат премногу пари за камати наместо да се инвестираат во образованието и здравството, вели Димитров.

Новинарот Мирче Јовановски вели дека нашиот буџет секогаш е социјално настроен и многу средства се користат за „гаснење на пожари“. 

Министерството за финансии има намера да ја регулира сивата економија со што смета дека ќе се дополни буџетот, но Димитров смета дека не смее да се удира на најмалите оти најголемиот дел од сивата економија потпаѓа кон мали занаети кои не добиваат поддршка за да опстојат за разлика од поголемите компании. Оттука, според Димитров потребен е и морков и стап во однос на решавањето на таа сива економија.

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕВРО 2024: Спречен влез на 37 агресивни фудбалски хулигани

Следно

Фаворитите според планот на стартот на Вимблдон

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop