19 години од смртта на претседателот Борис Трајковски: Утре со низа настани на повеќе локации ќе се одбележи кобниот ден

February 25, 2023
1 min read

Со државнички активности, Владата на Република Македонија на 26.02.2023 година (недела) ја одбележува 19 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Македонија, предводена од Јованка Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев – директор на Бирото за јавни набавки.

Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република  Македонија Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, Вилма Трајковска, делегација на кабинетот на Претседателот на Република Македонија предводена од Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, делегација на Владата на Република Македонија составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи на Република Македонија и претставници од кабинетот на претседателот на Република Македонија Катерина Цаневска Арсовска, советник на Претседателот на Република Македонија, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на Претседателот на Република Македонија.

Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина.

Борис Трајковски беше македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15-ти декември 1999 година до 26-ти февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Костадинов од СДСМ маскиран во Тито, во друштво на “Хитлер“ позираше со нацистичко знаме

Следно

Укинати пунктовите за тестирање за Ковид-19 во Скопје

Latest from Blog

Претседателот на турскиот Парламент, Куртулмуш, во посета на Старата скопска чаршија

СКОПЈЕ (AA) – Претседателот на Големото национално собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, ја посети историската Стара скопска чаршија, каде што се сретна со граѓаните кои му изразија срдечно добредојде, јавува Анадолу.

Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото

Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби. Битно е дека е распишана меѓународна потерница по лицето кое имаше голем број на изјави во медиумите дека чист е како солза

Најави за обилни врнежи од дожд и снег

Метеоролозите за утре најавуваат врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25

Јанев: Акцијата во Арачиново е показател за борбата против криминалот без компромиси

Директорот на БЈБ, Александар Јанев вели дека борбата против криминалот е еден од нивните приоритети. Истакнува дека пораката е јасна, криминалот во Македонија веќе не е исплатлив. -Се бориме неселективно и решително,
Go toTop