„16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“: Се’ помал процент од сторителите се соочуваат со казна затвор

November 24, 2024
1 min read

Во рамките на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство, денеска во Скопје се одржа централен настан „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“,

Кампањата која започнала пред повеќе од 20 години, во 1991 година од Институтот за женско глобално лидерство, е во спомен на насилното убиство на  Патриа, Минерва, Марија Тереза и Деде или Мирабел сестрите во 1960 од страна на диктаторот на Доминиканската Република, Рафаел Трухиљо. Оваа кампања е една од алатките за подигнување на свесноста популацијата за човековите права на Обединетите нации. Кај нас оваа кампања започнува во 2014 година.

Денешниот настан во организација на ОБСЕ, е пресрет на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, фокусот на настанот беше насочен кон ниската бројка на регистрирани обвиненија и истраги, како и подигнување на свеста за сексуалното вознемирување, демнењето и контролирачкото однесување како родови форми на насилство.

Денеска беше потпишана и Декларација на намери, со десет акциски точки со конкретни мерки кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги поддржи во 2025 година. 

Рана превенција од насилство и спречување на немирот, се дел од пораките кои беа упатени од страна на високиот врв. Во ниту една институција, а најмалку во училиштата нема место за насилство. 

Според анализите направени во последните пет години, 54% од жените во РСМ доживеале насилство, од кои 33% психолошко насилство, 14% сексуално/физичко насилство и 7% демнење. Податоците укажуваат дека во најголем број од регистрираните случаи сторителите на родово базирано насилство се мажите. Од анализите направени последните години од страна на ОБСЕ, заклучокот е дека жените чиј партнер е невработен или пак вработен со пониски примања, имаат поголема веројатност да доживеат некој облик на насилство. 

Усвојувањето на конкретна законска регулатива ќе обезбеди поефикасна заштита на жртвите и ќе создаде основа за превенција на идни злоупотреби. Според досегашните анализи, голем дел од жртвите не се свесни дека всушност се жртви, а останатите пак не се осмелуваат да пријават бидејќи немаат доверба во системот. Од година в година се’ помал процент од сторителите се соочуваат со казна затвор. Една третита од жените и девојките во светот се жртви на насилство, независно во која форма.

Половина од жените кои се убиени во светот биле убиени од нивните партнери или од член на семејството. Оне кои се занимаваат со оваа проблематика велат дека државата треба да ги заштити жртвите, а дополнително да се работи и со насилниците. Насилството во било која форма кон жените и девојките не е прифатлива и не треба да се премолчува. За жал голем процент од лушето во општеството сметаат дека истото треба да се решава во рамките на семејството. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Следно

Градинката во Арачиново никако да се отвори, Ибрахими го обвинува Лимани, Лимани, пак, министерството за финансии

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за

Градинката во Арачиново никако да се отвори, Ибрахими го обвинува Лимани, Лимани, пак, министерството за финансии

Никако да се отвори градинката во Арачиново иако објектот веќе подолго време е готов. Родителите мораат да трошат пари и да ги носат децата во поблиските градинки во градот. Но каде е

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. – Вишото јавно обвинителство
Go toTop