13 часа без капка: жителите на Пржино и Водно под воден режим, институциите негираат рестрикции

July 28, 2025
1 min read

Во повисоките делови од Скопје – Пржино и Водно – чешмите секојдневно пресушуваат по пладне, а водата се враќа дури во доцните ноќни часови. Граѓаните сведочат за прекини од 10 до 13 часа, иако ЈП „Водовод и канализација“ инсистира дека „рестрикции нема“.

„Се капеме по полноќ, децата тргнуваат во градинка без да можат да се измијат. Срамота е ова да се случува во главниот град,“ вели Славица С., жителка на Пржино.

Од претпријатието признаваат дека системот е под притисок: екстремни горештини, енормно зголемена потрошувачка и „недисциплина“ – перење автомобили, наводнување бавчи, фонтани во дворови. Но, проблемот не го чувствуваат сите еднакво: центарот и рамничарските населби имаат вода, а нивната потрошувачка дополнително го празни резервоарот што ги снабдува повисоките коти.

СДСМ ја обвини Владата за „колапс на системот“, нарекувајќи го недозволиво во 21 век да нема основна услуга како водата. ВМРО‑ДПМНЕ возвраќа дека претпријатието е под градска капа „со години недофинансирано и без сериозна реконструкција на мрежата“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По два дена изгаснат пожарот кај кумановското Бељаковце

Следно

ВО СКОПЈЕ СЕ СПРЕМААТ 6-7 МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ ЦЕНТРИ ЗА 2028, КОГА ЌЕ БИДЕ ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА, РЕЧЕ ЉУТКОВ

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop