100 дена Влада: Што е затекнато, што е направено? – ВМРО-ДПМНЕ со билборд кампања

October 8, 2024
1 min read

Изминативе денови поминаа 100 дена Влада. Од една страна, властите се испофалија што се направија, од друга страна, опозицијата критикува. За најкрупните проекти, партијата од власта, ВМРО-ДПМНЕ објави неколку билборди низ градот со цел да претстави на граѓаните што има направено. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека не му е јасно зошто се трошат буџетски пари за билборди за објавување на своите политики.

-Излегоа дури и на билборди, и не ми е јасно зошто има потреба да се трошат буџетски пари за да ги објавуваат своите политики, но таму има невистини. Таму има грешки. Дека враќаат долгови во Фондот за здравство не е точно. Редовно од централниот буџет се пополнува буџетот на здравствените институции за да ги пополнат недостатокот на пари во својот буџет. Нашата влада го остави буџетот од Фондот за здравство од 1 милијарда денари, изјави Филипче.

Владеачката партија, излезе со соопштение дека тој има најмалку право да зборува за трошење на буџетски пари, бидејќи како што знаеме, има големи сомненија дека додека беше министер за здравство, парите од провизиите за вакцини ги нема.

-Филипче и СДСМ оставија пустош во буџетот, нивните функционери си мислеа дека државниот буџет е нивни сопствен паричник, па парите си ги трошеа на сопствени потреби. ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот на буџетот, обезбедува пензии за пензионерите, пари за неисплатени плати, вработување на млади специјализанти, електрични уреди за секој студент и уште многу други проекти, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ги гледаат промените во овие 100 дена, а тоа може да се забележи на анкетите каде што доколку утре има избори, ВМРО-ДПМНЕ би имала 45% од гласовите, а опозициската СДСМ само 11%.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Барнс: Иако САД веруваат дека Израел и Иран не сакаат сеопфатен конфликт, сепак, постои ризик од погрешна проценка на ЦИА

Следно

Јаревски: Парите за општините и стопанството се европски и се финансиска инјекција за нивна поддршка и развој

Latest from Blog

Градинката во Арачиново никако да се отвори, Ибрахими го обвинува Лимани, Лимани, пак, министерството за финансии

Никако да се отвори градинката во Арачиново иако објектот веќе подолго време е готов. Родителите мораат да трошат пари и да ги носат децата во поблиските градинки во градот. Но каде е

„16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“: Се’ помал процент од сторителите се соочуваат со казна затвор

Во рамките на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство, денеска во Скопје се одржа централен настан „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“, Кампањата која започнала пред

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. – Вишото јавно обвинителство

Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во Општина Кисела Вода

Ве известуваме дека утре 25.11.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка

Партиската програма на СДСМ, ново лидерство во регионот

Претставувајќи ја новата програма на партијата, на 30. партиски Конгрес, лидерот на СДСМ Венко Филипче, рече дека таа ќе биде темелот за идната социјалдемократска платформа, бидејќи има јасна визија за солидарно, праведно,
Go toTop