10-та еврообврзница реализирана со рекорден интерес од инвеститорите

January 13, 2026
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска ја најави успешната реализација на 10-тата еврообврзница на Република Северна Македонија, со издавање на две транши од по 500 милиони евра, со рок на доспевање од 4 и од 8 години.

Високиот интерес од меѓународните инвеститори, вклучувајќи над 150 глобални учесници, и побарувачката која неколкукратно ја надмина понудата, според министерството, ја потврдува довербата во економските политики, фискалната дисциплина и реформската насока на Владата.

Каматните стапки за двете транши се 3,875% за четиригодишната и 4,750% за осумгодишната еврообврзница. Министерството посочува дека со внимателно избраниот момент и одговорна структура на задолжување се обезбедени најповолните услови во последните дваесет години, навремена отплата на старите обврски и средства за поддршка на развојните проекти.

 

„Поволно финансирање денес и помал товар за утре е одговорно управување со јавниот долг во интерес на граѓаните“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цените на среброто и златото се искачија на рекордно ниво по податоците за инфлацијата во САД

Следно

Чаби Алонсо се прости од Реал:“ Не испадна како што сакавме…“

Latest from Blog

Мелони со осуда за Трамп: Неговите коментари за папата Лав XIV се неприфатливи

Мелони рече дека папата е поглавар на Римокатоличката црква и дека затоа е нормално тој да повикува на мир и да осудува секаков вид војна, објави Ројтерс. Агенцијата соопшти дека италијанската премиерка

За што разговараше Муцунски со Анита Орбан?

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – Tиса, информираа од МНР. Муцунски
Go toTop