Сè повеќе парови забележуваат дека интимноста полека се губи, не поради недостатокот на љубов, туку поради следнава работа.
Денес, веќе не е невообичаено, партнерите наместо пред спиење да се зближат, последните моменти од денот да ги поминат зјапајќи во екранот. Навиката телефонот да го носиме со себе во кревет стана толку нормална што ретко кој забележува колку тоа генерално влијае на односот.
Кога светлата ќе се изгаснат, наместо разговор, следува известувања за добиени пораки и бескрајно „скролање“. Од прва, делува безопасно, но така се случува тивко оддалечување. Партнерот останува „на страна“, а блискоста полека се губи.
Психологијата на ова е едноставна: мозокот навикнува на брза и постојано стимулација. Ако премногу се потпираме на содржините од екранот, желбата за физичка поврзаност станува слава, а интимноста бара присутност, време и топлина, додека телефонот го нуди спротивното.
Решението е едноставно, но нуди голема промена – не го внесувајте телефонот во спалната за креветот повторно да стане простор за интимност, мир, разговор, допири и чувство на припадност. За неколку вечери, ритамот на односот ќе почне да се менува.
Замислете да заспиете без „скролање“ и да се разбудите не покрај екранот, туку покрај партнерот. Оваа мала промена создава простор за поголема блискост, поголемо внимание и повеќе страст.
Ако сакате повторно да воспоставите близок однос, почнете од наједноставните чекори: оставете го телефонот во друга соба, подалеку од креветот и отворете ѝ ја вратата на интимноста, која можеби чека да дојдете до неа.
Извор: vecer.mk

