ЗНАМ Куманово: Очајни обиди на СДСМ Куманово за ситни политички поени

October 16, 2025
1 min read

Движење ЗНАМ-За Наша Македонија, Куманово, на денешната прес-конференција, денеска ги отфрлија како невистинити и „политикантски“ обидите на СДСМ за случајот во кумановски Средорек. Од ЗНАМ Куманово кажаа дека вистината е поинаква.

– СДСМ и неговиот кандидат за градоначалник Мартин Костовски денеска се послужија со класична лага и инсинуација во обидот да добијат ситни политички поени, надевајќи се дека тоа нешто ќе им смени на 19 октомври на изборите. Го обвинија нашиот кандидат за советник Самет Салиевски дека, наводно, тој нападнал членови на еден од изборните штабови на Костовски во Куманово. Тоа е целосна лага од Костовски. Вистината е сосема поинаква. Нашиот кандидат за советник Салиевски бил сведок на меѓусебна вербална расправија на активисти на СДСМ во близина на неговиот дом каде што живее. Поточно, слушнал силно викање, излегол и бил сведок на почната тепачка меѓу нив. Тој само застанал меѓу нив за да ги раздвои, по што се повлекол. Немало никаков физички контакт што може да се карактеризира како атак од него. Во меѓувреме веќе станал цел на вербални провокации и довикувања на кои реагирал смирено и воздржано, кажа носителката на листата, Ивана Ѓорѓиевска.

Како што посочи на прес-конференцијата, Ѓорѓиевска „ова се очајнички обиди на СДСМ со лаги и манипулации на низок, дрзок и целосно некоректен обид да добијат ситни поени пред кумановци и јавноста“, заради „агонијата од последните анкети“ на кои ги очекува пора и убедлива победа на ЗНАМ и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.

– Ние немаме намера да се занимаваме со ваквите политикантски игри на некои истрошени политичари. ЗНАМ и Максим Димитриевски во изминатиот период покажаа и докажаа како се сака Куманово, како се води најголемата општина во државата и како со труд, професионалност, посветеност и отчетност се создаваат услови секојдневно да се менува на подобро. А, граѓаните тоа го препознаваат. Затоа на 19 октомври Максим Димитриевски и ЗНАМ ќе освојат голема победа, рече Ѓорѓиевска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Анализа на Шеталиште.мк: Битолската кампања под лупа – Кога политичките грешки се прифатливи, а кога не

Следно

Ѓорѓиевски: Аеродром ќе стане пример за современа општина

Latest from Blog

Овие 4 знака се на удар на кармата: Судбината ќе им врати мило за драго – следниот период ќе биде кобен за нив!

Кармичкиот вител ќе ги зафати Шкорпиите, Рибите, Вагите и Близнаците, додека Биковите ќе добијат неочекувана награда од небото. Ѕвездите повторно се мешаат во текот на судбината. Според астролозите, четири хороскопски знаци –

Митески: Топлификација на Лисиче преку изградба на гасна когенеративна централа

Дејан Митески кандидат за градоначалник за општина Аеродром, од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија Вин-Вин на телевизија Телма, при што најнапред ги посочи проектите коишто локалната власт предводена

Тони Коњановски: Телевизиите треба да обезбедат рамноправност во изборната кампања

Актуелниот градоначалник на Битола и кандидат за нов мандат, Тони Коњановски, на вчерашната дебата во организација на телевизија „Тера“ ја повика медиумската куќа да овозможи еднаков простор за сите осум кандидати за
Go toTop