ЗИМСКИ БРАН НА ВИРУСИ Носете маски, бројот на заболени нагло расте

January 10, 2026
1 min read

Поради
зголемениот број заболени од респираторни инфекции, Институтот „Батут“ и
Министерството за здравство ги предупредуваат граѓаните да внимаваат особено во
затворени простории.

Во текот на
зимските месеци, чекалните повторно се полни со пациенти со грип, настинки и
ковид.

Иако не се
најавуваат нови вонредни мерки, бројни лекари потсетуваат дека еден од
најдостапните и веќе проверени начини на заштита е носењето маски во затворени
простории.

„Препорачуваме
носење маски на места со голема гужва – сега е вистинскиот момент да се спречи
понатамошното ширење на вирусите и да се заштитат ранливите групи“, наведуваат
тие.

Шест
причини зошто маските повторно можат да ни бидат од корист

1. Го
намалуваат ширењето на капки и аеросоли:

Како
наједноставна бариера, маската задржува поголем дел од капките што се исфрлаат
при кашлање, кивање, па дури и при обичен разговор. Така се намалува количината
на вируси во воздухот и веројатноста некој во близина да вдише доволен број
честички за да се зарази.

2. Ги
штитат и здравите и заразените лица:

Маската не е
само за оние што кашлаат. Луѓето можат да имаат инфекција без да знаат, особено
на почетокот од болеста. Ако сите носат маски во затворени простории, се
намалува можноста несвесно да го шират вирусот меѓу пријатели, колеги или
непознати.

3. Најкорисни
се таму каде што нема дистанца:

Автобус,
трамвај, тролејбус, редица во пошта – тоа се ситуации во кои луѓето се наоѓаат
на помалку од половина метар едни од други. Во такви услови вирусот се шири
најбрзо, а маската значително го забавува тој процес.

4. Го
намалуваат ширењето на инфекциите во колективи:

Училишта,
градинки, канцеларии и факултети се места каде што многу се зборува, се дише во
ист простор и се престојува со часови. Кога една личност ќе внесе вирус, тој
често се шири на целата група. Маските можат да го „пресечат синџирот“ на
пренос уште во рана фаза.

5. Особено
ги штитат најранливите групи:

Кај бебиња,
постари лица, бремени жени или луѓе со хронични болести како астма или
дијабетес, вирусните инфекции можат да предизвикаат посериозни последици.
Маската го намалува нивниот контакт со заразени лица, а сите што ја носат во
нивно присуство испраќаат порака на грижа и солидарност.

6. Помагаат
да се избегне преоптоварување на здравствениот систем:

Повеќе
респираторни инфекции значи повеќе прегледи, повеќе боледувања и подолго чекање
кај лекарите. Дури и умерено намалување на бројот на заразени има ефект –
помалку гужви, побрза помош за итни пациенти и помалку отсуства од работа и
училиште.

Дали
маските навистина се неопходни?

Стручњаците
истакнуваат дека маските на отворен простор, при кратки и минливи контакти,
кога не се разговара подолго или кога сте дома во добро проветрени простории,
не се неопходни, пренесува РТС.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фенербахче го освои пехарот во Супер Купот на Турција!

Следно

Прогласен е најопасниот град во светот, ВО ЕВРОПА ТОА Е – МАРСЕЈ

Latest from Blog

Беше секс симбол, а сега е на раб на егзистенција- Мики Рурк на чекор да стане бездомник: Не барам милостина

На 73 години, актерот се соочува со финансиски и правни предизвици, дури и го доведува својот дом во Лос Анџелес во опасност поради долг од 60.000 долари за неплатена кирија. Во недела,

Бил Гејтс ѝ дал 8 милијарди долари на поранешната сопруга за да основа фондација

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ѝ испратил речиси осум милијарди американски долари на поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс за добротворни цели, со што нејзината фондација стана една од најголемите непрофитни организации во

Дали вашата врска има иднина?

Без разлика колку време се забавуваме со партнерот, прашањето „Каде води ова“ си го поставуваме постојано. Сите имаме различни нивоа на „сериозно“ кога станува збор за врските. За некого тоа е објавување
Go toTop