Жителите Албанци на Визбегово: Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски ги одржа ветувањата што ДУИ и СДСМ со години не ги исполнуваа

November 25, 2024
1 min read

Визбегово, една од најголемите населби на општина Бутел, денес е пример за посветеноста и добрата работа на градоначалникот на општината, Дарко Костовски. Жителите Албанци од оваа населба велат дека се задоволни и го ценат дадениот збор и посветеноста на Костовски да ги исполни ветувањата, за разлика од двете претходни партии кои беа дел од власта, ДУИ и СДСМ.

За време на престојот меѓу жителите на Визбегово, градоначалникот Костовски истакна дека „дадениот збор има тежина на планина“ и дека неговите заложби се реалност, а не само празни ветувања. Тој рече дека пред неколку месеци ветил изградба на патот што води до влезот на ОУ „Визбегово“ и оваа заложба ја извршува како важен дел од неговите напори за подобрување на условите за живот на жителите на оваа населба.

Според него, ДУИ и СДСМ, и покрај тоа што долги години ја воделе централната и локалната власт, не реализирале никаква позначајна инвестиција за Визбегово. Жителите, како што рече Костовски, се задоволни што веќе имаат градоначалник кој стои на зборот и кој реализира конкретни проекти за подобрување на секојдневниот живот.

„Задоволните лица во Визбегово се печат за добро сработената работа! Дадениот збор планина тежи! Денеска бев во Визбегово, дадов збор пред извесен период дека ќе ја направам пристапната улица до основно училиште кое се изгради во време додека сум јас градоначалник, зборот беше испочитуван. Денеска заедно со задоволните жители на Визбегово, чичко Раман, Нешат, Али и останатите договоривме и нови важни приоритети. Дадениот збор мора да се испочитува. Морам да истакнам дека ДУИ И СДС 20 години наназад иако беа централна и локална власт, камен на камен не поставија во ова населено место, затоа жителите се евидентно задоволни кога некој не ги лаже, кога некој цврсто стои на зборот! Рамномерен развој за општина Бутел, модерна општина Бутел! “ напиша Костовски на својот официјален Фејсбук профил.

Жителите на Визбегово кои излегоа да го пречекаат градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски пред камерите, порачаа дека заложбата на градоначалникот со цел еднаков развој и модернизација на општина Бутел е важен чекор за сите граѓани, без разлика на националноста.

На крајот од оваа посета, Костовски им порача на жителите на Визбегово дека ќе продолжи работата, посветено и транспарентно, со цел секој жител на општина Бутел да има можност за подобар и подостоинствен живот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Се стеснува кругот околу Нетанјаху и неговата мрежа за масакр“

Следно

Осуден поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, претходно прогласен за непожелен за САД

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop