Зголемено нивото на Преспанското Езеро за три сантиметри

January 16, 2026
1 min read

За три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 2,26 метри понизок од проесекот за јануари. Нивото на Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просечното, но е 96 сантиметри под договорениот минимум. Водостојот на Охридското Езеро, пак, е за 10 сантиметри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

И денеска продолжува трендот на намалување на нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Вардар на мерните места кај Велес и Демир Капија и Црн Дрдим кај Ложани каде има зголемување на водостојот и реките Крива Река кај Крива Паланка, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Берово каде нивото е исто со вчерашното.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нафтоводот Солун–Скопје повторно во фокусот: стратешка инфраструктура за Македонија

Следно

Павлова торта со јагоди и боровинки

Latest from Blog

Џоди Фостер: Сексуалните напасници ја користат својата моќ за да манипулираат со послабите

Дел од таа моќ, вели, произлегла од номинацијата за „Оскар“ на 12 години за нејзината улога во филмот „Таксист“ на Мартин Скорсезе, којшто „ја поставил на побезбедна основа“ во споредба со други

Ова е датумот до кој би требало да се РАСКИТИ ЕЛКАТА

Китењето на божиќното дрво и новогодишната елка за повеќето домови е најсвечениот момент во годината, симболизирајќи надеж за подобро утре и радост од новиот почеток. Меѓутоа, како што празничните денови се приближуваат

Павлова торта со јагоди и боровинки

Павлова е елегантен и лесен десерт, познат по својата крцкава кора од белки и шеќер, а внатре мека и воздушеста текстура. Во комбинација со нежен млечен шлаг и свежо овошје, оваа торта

Нафтоводот Солун–Скопје повторно во фокусот: стратешка инфраструктура за Македонија

По повеќе од една деценија неактивност, продуктоводот за нафта Солун–Скопје е пред официјален старт, кој се очекува до крајот на овој месец. Иако во јавноста се појавија информации дека нафтоводот веќе е
Go toTop