Зголемени мигрантските бранови од Либија кон грчките острови Крит и Гавдос

September 14, 2025
1 min read

Утрово, според информациите од крајбрежната служба на Грција со два чамци на Гавдос пристигнале нешто повеќе од 100 лица, но се очекува оваа бројка да се зголеми, со оглед на тоа што како што пишуваат медиумите од Крит, постојат и други чамци и во тек е нивна регистрација.

На Крит пак, според ЕРТ, во затворениот привремен центар веќе има над 1.100 лица, мигранти кои пристигнале и на Крит и на Гавдос во изминатите денови, а поради тоа што некои од нив се повеќе денови затворени, синоќа имало инциденти меѓу мигрантите.

Доколку се анализираат официјалните податоци од крајбрежната служба на Грција, само во петокот, во морскиот дел во близина на Гавдос биле спасени 372 мигранти.

Пред два месеци, поради зголемените мигрантски бранови на јужната рута, Министерството за миграција и азил на Грција во Парламентот донесе вонреден амандман со траење од три месеци што предвидува суспендирање на поднесувањето барања за азил од лица од северна Африка, кои нелегално влегле во Грција.

Амандманот беше изгласан од Парламентот, а во изминатиот период министерот за миграција и азил на Грција Танос Плеврис нагласуваше дека вонредната мерка носи резултати.

Во четвртокот, во интервју за телевизијата „Скај“, Плеврис истакна дека во првите десет дена од септември на грчкиот остров Крит пристигнале само 75 мигранти, наспроти 2.642 пристигнувања за само една седмица во јули.

– Во јули, пред да се изгласа амандманот за суспензија на барањата за азил, што важи уште еден месец, за една седмица имавме 2.642 пристигнувања. Јули заврши со околу 3.650 пристигнувања, додека во август имаше 689, односно намалување од 80 отсто. Во првите десет дена од септември имавме 75 пристигнувања, бројка со која лесно се управува. Постои целосна рационализација. Имајќи го ова предвид, одлуката дали ќе се продолжи мерката за суспензија на азил ќе ја донесе премиерот, по наша препорака, во последните десет дена од септември, нагласи Плеврис./МИА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Торино ја „шокираше“ Рома на Олимпико

Следно

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Latest from Blog

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,
Go toTop