Земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер во североисточниот брег на Јапонија предизвика предупредување за цунами.
Земјотресот е регистриран во регионите Аомори и Хокаидо во североисточна Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Бранови високи и до три метри сега би можеле да го погодат североисточниот брег, соопшти агенцијата.
Геолошкиот завод на САД (USGS) соопшти дека земјотресот се случил во 23:15 часот по локално време (15:15 часот по источно време) на околу 70 километри од јапонскиот брег и на длабочина од околу 53 километри.
Нуклеарните централи во јапонските региони погодени од земјотресот спроведуваат безбедносни проверки по инцидентот, објави јавниот радиодифузен сервис NHK.
Извор: tv21


