Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека се согласува со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека санкциите против Москва мора да бидат заострени сè додека Русија одбива мировни преговори.
Зеленски на својот X профил потврди дека лично ѝ се заблагодарил на Фон дер Лајен за нејзината „јасна позиција и пораки за поддршка на Украина“ за време на денешниот говор во Европскиот парламент.
„Се согласуваме: сè додека Русија продолжува да ги отфрла мировните напори, санкциите против Москва мора да бидат заострени, а одбранбената и финансиската помош за Украина мора да продолжат“, објави Зеленски на својот X профил.
Извор: tv21


