Зеленски: Нападот на Дњепар е знак дека на Украина и треба побрзо снабдување со оружје

January 17, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека смртоносниот напад на станбена зграда во централниот град Дњепар ја истакна потребата од побрзи и подобро координирани одлуки за испорака на оружје во Украина.

– Она што се случи во Дњепар покажува дека Русија подготвува нови обиди да преземе иницијатива во војната и покажува дека природата на воената акција на фронтот бара нови одлуки за набавка на оружје и нагласува колку е важно да се координираат сите напори и да се забрза донесувањето одлуки на коалицијата што ја брани Украина и слободата во Украина, рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање.

Зеленски информира дека најмалку 40 лица, меѓу кои три деца, загинале во експлозијата на руска ракета што во саботата погоди зграда во Дњепар.

Кремљ вчера негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар.

– Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз зградата“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Населението на Кина опаѓа за првпат по повеќе од 60 години

Следно

АВМУ со остра реакција до Ковачевски: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите

Latest from Blog

Мис Универзум Мексико ќе оди на суд- ја тужи организаторот на натпреварот (ВИДЕО)

Целата драма кулминираше со судска постапка по неколку недели јавни обвинувања. Како сè започна Раздорот започна на 4 ноември, кога Ицарагрисил јавно ја критикуваше мексиканската претставничка за наводно одбивање да учествува во

ВИТАМИНСКА БОМБА ЗА АНЕМИЈА

Чувство на постојан умор, бледа кожа, забрзано чукање на срцето и недостиг на здив – можеби мислевте дека е само последица на стрес и современиот начин на живот. Но што ако станува

ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

Институтот за бои Пантон традиционално, како и секоја година, ја избира бојата за претстојната 2026 година и веќе ја гледаме насекаде околу нас. Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година
Go toTop