Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето вечервашно обраќање изјави дека дијалогот со Америка мора да биде 100 проценти конструктивен.
„Разговарав со Кирил Буданов (началник на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина), меѓу другото, и за политиката на санкции. Минатата година беше воспоставена нова соработка со многу партнери за усогласување на санкциите, но темпото мора да биде посилно, многу посилно“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.
Според него, руското производство на ракети и беспилотни летала не може да постои без испорака на компоненти од други земји, а тоа не се однесува само на поединечни производи, туку на целото руско вооружување.
Извор: tv21


