Канали, гробишта, и септички јами како ризик фактор за справување со комарците

August 21, 2026
1 min read

Регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, 40 се лабораториски потврдени, додека три се суспектни. За разлика од претходните извештаи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за првпат има потврдени случаи во општините Центар и Чаир.

По големиот број на дојави за угинати птици за кои алармираа граѓаните и истите ги пријавија во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврден е вирусот Западен Нил кај угинат гавран. Во меѓувреме, министерот Клековски во координација со претставници на скопските општини ги надградија следните чекори за справување со комарците во однос на 34-те ризични и 13-те високоризични места.

„Серава е дел од проблемот во Арачиново и во Бутел, каналите Јурумлери, Стајковци, Синѓелиќ, Гази Баба, главниот канал на Илинден во Скопско поле, каналите во Драчево, каналите Батинци и Студеничани и она што го лоциравме се уште неколку видови на висок ризик што претходно не биле земени предвид, тоа се септичките јами“, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.

Гробиштата се, исто така, ризик фактор заради застоената вода во вазните, скршените јавни чешми и отпадите за стари гуми. Во меѓувреме, Град Скопје прави и геомапирање на високоризични места со застоените води. Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) ја прави разработката на оперативниот план кој, каде и што ќе прска.

Во однос на анализите со минатите години и прскањето против комарци, Соколовска вели има намалување на бројот на комарците.

„Е сега потребно е да се мапираат, да се видат критичните точки и тие треба да се третираат, затоа што еве конкретно во населба Драчево, не секаде во секој дел на Драчево, има ист број на комарци. Туку треба потемелно да се работи за да имаме намалување на бројот на комарци“, вели Николина Соколовска, ентомолог во ЦЈЗ Скопје.

Сите средстсва со кои се прска се одобрени од СЗО, но дополнителен проблем е што многу приградски населени места во Скопје сè уште се без градска канализација.

„Една од работите што недостасува, што ја лоцираме во моментов и што ја нема во земјава се таблети со бацили за дезинсекција на септички јами. Тоа го има во Грција, го идентификувавме, го нема во Македонија. И работиме на тоа тие да бидат достапни кај нас.“, додаде министерот Клековски.

На Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 22 пациенти со потврдена западнонилска треска и повеќе коморбидитети и пет од нив се во тешка состојба на Одделот за интензивна нега.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: ДУИ ја загуби довербата од Албанците, предвремените избори ќе бидат последниот удар

Следно

ЗЕЛЕНСКИ ЧЕКА СВИЛЕН ГАЈТАН ОД ВАШИНГТОН, се е подготвено за негов крај

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен

Николоски: Македонија инвестира во енергетска сигурност, инфраструктура и нови работни места

Во 21 век напредуваат државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој посочи дека Владата води политика насочена кон иднината,

Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот
Go toTop