В недела (7 септември) од Македонија ќе може да се набљудува реткиот феномен целосно затемнување на Месечината.
Се разбира, ова ќе може да се види само доколку времето биде ведро и без многу облаци, пишува Скопското астрономско друштво.
Гледано од Скопје, нема да го видиме помрачувањето во целост, туку неговиот втор дел. Месечината ќе изгрее над источниот хоризонт веќе делумно затемнета, но не и целосно.
Скопското астрономско друштво ќе постави два телескопа на плоштад „Македонија“, во центарот на градот. Околу 19 часот се очекува изгревање на полузатемнета Месечина, која со текот на времето ќе станува сè потемна и ќе добива црвеникава боја.
Извор: kurir.mk