Започнува изградбата на нов паркинг на површина од 1.300 квадратни метри во Аеродром

March 17, 2023
1 min read

Деновиве започна реализација на нова инфраструктурен проект во Аеродром. Станува збор за паркинг простор во непосредна близина на „Мајчин Дом“ на површина од 1300 метри квадратни и капацитет за паркирање на 60 возила. Инвестицијата вклучува асфалтирање на паркинг просторот, уредување на зеленилото и партерно уредување на околниот простор.

Најавувајќи реализација на неколку нови инфраструктурни проекти градоначалник Тимчо Муцунски потенцираше дека секоја седмица, носи реализација на нов инфраструктурен проект во Аеродром.

-Вака ја започнавме 2023 година, со истото темпо продолжуваме и денес, утре и во текот на пролетта. Ова се проекти кои го олеснуваат живеењето и кој ја прават општината многу поубава. Посветеноста за нивната реализација ја гледаме во фактот дека ова се проекти кои го олеснуваат живеењето и кои ја прават општината многу поубава, истакна Муцунски.

Тој додаде дека почетокот на реализацијата на оваа инвестиција значи решавање на еден важен проблем, но исполнување на едно важно ветување дадено пред граѓаните.

За само неколку недели жители од овој дел на Аеродром ќе добијат современ паркинг простор кој сериозно ќе го олесни паркирањето и пристапот до домовите на граѓаните.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Словачка ќе и испрати на Украина aвиони МиГ-29

Следно

За еден месец изречени 90 прекршочни казни на Зелено пазарче

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop