За еден месец изречени 90 прекршочни казни на Зелено пазарче

March 17, 2023
1 min read

Акциите на Секторот за инспекциски работи за расчистување на нелегалните препродавачи во околината на Зелениот пазар се спроведуваат во континуитет веќе месец и половина.

Овој пат и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им се придружи на комуналните инспектори и редари од општинскиот сектор за инспекциски работи и заедно со припадниците на МВР вршеа контроли во реонот на Зеленото пазарче.

„Инспекциските контроли на нелегалните препродавачи веќе даваат конкретни резултати. Ги нема расфрланите отпадоци, ослободени се јавните површини и граѓаните можат слободно да се движат и да си ги завршуваат секојдневните обврски. Жителите од нас бараат да се справиме со препродавачите, тоа го дискутиравме и на средбите со граѓани, го дискутиравме и со раководството на ‘Скопски пазар’ и мислам дека сме на добар пат кон конечно решение. Акциите ќе продолжат и во наредниот период, сѐ до конечно менување на навиките на препродавачите“, изјави Герасимовски.

Комуналната инспекција почнувајќи од февруари спроведе серија засилени инспекциски акции на локации околу Зелен пазар, со цел санкционирање на лицата кои што препродаваат производи на зелена површина, пред зградите и на тротоарите околу пазарот. Постапувајќи по пријави на граѓани за продажба на производи на јавна површина на затекнатите нелегални препродавачи од комуналните редари им се изречени казни во висина од 150 евра. Во изминатиот месец, по спроведените акции во околината на Зеленото пазарче, изречени се 90 прекршочни платни налози согласно Законот за јавна чистота.

Засилените инспекциски контроли на комуналната инспекција ќе продолжат и во наредниот период, на повеќе локации во Општина Центар.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започнува изградбата на нов паркинг на површина од 1.300 квадратни метри во Аеродром

Следно

Макрон под зголемен притисок по насилните протести поради пензиските реформи

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop