Започна дводневниот штрајк на медицинските сестри и техничари во Велика Британија

February 6, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Медицинските сестри и техничари поврзани со синдикатот RCN (Royal College of Nursing), што брои повеќе од 300.000 членови, стапија во дводневен штрајк во 73 здравствени установи, известува Анадолу.

Од RCN соопштија дека откако не е постигнат договор со Владата, низ земјата е започнат дводневен прекин на работата што ќе трае по 12 часа.

Медицинските сестри се собраа пред различни здравствени установи во Лондон, извикувајќи слогани и барајќи зголемување на бројот на вработени и подобрување на условите за работа.

Медицинарот Мет Смит изјави дека нема напредок во преговорите.

„Сакаме Владата да разговара со нас за подобри плати, број на вработени и подобри услови за работа. Огромен е недостатокот на вработени“, рече Смит.

Кафелат Адекунле, главна медицинска сестра во болницата „Св. Томас“, рече дека штрајкуваат за да ги чујат и видат.

„Бараме зголемување од 19 отсто“, порача Адекунле.

RCN на 16 јануари објави дека, доколку нема напредок во преговорите до крајот на јануари, ќе следува нов штрајк на 6 и 7 февруари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Турскиот потпретседател: Бројот на загинати во силните земјотреси се искачи на 1.541

Следно

Гази Баба ќе донира за настраданите во Турција и Сирија

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop