Заострени мерките пред петочната молитва: Израел повторно воведе старосна граница за Палестинците во „Ал Акса“

October 20, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската администрација оваа недела, како и минатата, воведе старосна граница за оние што сакаат да клањаат џума-намаз, петочна молитва на муслиманите, во џамијата „Ал Акса“, јавува Анадолу.

Израелската полиција и минатиот петок не им дозволи на многумина Палестинци да влезат во Стариот град, каде што се наоѓа „Ал Акса“.

Управата на исламски фондации на Ал-Кудс наведе дека израелските сили не им дозволуваат на мажите помлади од 65 и на жените помлади од 50 години да влезат во „Ал Акса“.

Израелската полиција постави барикади околу Стариот град во Источен Ал-Кудс/Ерусалим, кој ја вклучува џамијата „Ал Акса“, како и на влезната врата.

На некои Палестинци им е дозволен влез во „Ал Акса“ по проверка на идентитетот.

Хашим Таха, кој веќе 50 години е трговец во Стариот град, изјави дека Израел вовел старосна граница за Палестинците кои сакаат да клањаат во „Ал Акса“.

„Секогаш е исто, но овој пат му направија многу проблеми на палестинскиот народ и ако сакаат да одат во ‘Акса’ да се молат, таа е затворена за младите. Ниту тоа не е ништо ново, тие го прават тоа постојано“, изјави Таха.

Тој изјави дека улиците на Стариот град, низ кои минуваат илјадници луѓе секој петок, се празни.

„Тука повеќе нема работа бидејќи има војна. Единствената причина поради која ги отвораме нашите продавници е да им покажеме на народот и на израелската Влада дека сè уште сме на оваа земја. Нема да ја напуштиме оваа земја, нема да ги напуштиме нашите домови, работните места и улиците. Улиците на Стариот град во Ерусалим се празни бидејќи израелската Влада не им дозволува на луѓето да дојдат овде или во ‘Ал Акса’“, вели Таха.

Минатата недела беше објавено дека само 5.000 Палестинци може да клањаат џума-намаз во „Ал Акса“, каде што во просек се молат од 70.000 до 100.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Седум кандидадти за нови амбасадори: Жерновски во Букурешт, Тупанчевски во Белград, Насев во Пекинг…

Следно

Претрес во село Ласкарци, пронајдено оружје и муниција

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop