Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

August 5, 2026
1 min read

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите нудат значително пониски цени од зелените пазари, а кај одредени артикли разликата достигнува и до 50 денари за килограм.

На скопските пазари најповолни цени и натаму има на Зелениот пазар, додека повисоки се на Бит-пазар, Буњаковец и пазарот во Аеродром. Праските и нектарините најчесто се продаваат по 60 до 70 денари за килограм, сливите од 60 до 70 денари, а кајсиите достигнуваат и до 100 денари. Грозјето се движи од 70 до 80 денари за килограм.

Кај зеленчукот, цените се уште поизразени. Доматот „јабучар“ на дел од тезгите достигнува и до 120 денари за килограм, благата пиперка се продава за околу 100 денари, краставиците чинат околу 40 денари, а лубеницата 20 денари за килограм.

Во маркетите, пак, истите производи често се нудат по значително пониски цени. Доматите може да се најдат за околу 50 денари за килограм, благата пиперка за 65 денари, праските и нектарините за 60 денари, сливите за 55 денари, лутата пиперка за 50 денари, а тиквичките за само 20 денари.

Најголемата разлика е токму кај доматите, каде што цената во маркетите е речиси двојно пониска од онаа на некои пазари. Забележителни разлики има и кај пиперките, праските и нектарините.

Економските аналитичари оценуваат дека ваквата состојба не е изненадување. Големите трговски синџири располагаат со поголема куповна моќ, набавуваат големи количини и редовно организираат промотивни акции, што им овозможува да понудат поконкурентни цени.

Од друга страна, земјоделците посочуваат дека производствените трошоци постојано растат. Поскапите ѓубрива, горивото, наводнувањето и работната сила, велат тие, директно се одразуваат врз крајната цена на производите.

И покрај тоа што маркетите моментално имаат предност во цените за дел од сезонските производи, многу потрошувачи и понатаму ги избираат зелените пазари поради свежината, домашното производство и можноста лично да го изберат производот. Сепак, трендот покажува дека старото правило оти пазарите се секогаш најевтина опција веќе не важи во секој случај.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕВЕРОЈАТЕН СУДИР ВО ВСЕЛЕНАТА – Дел од ракетата на SpaceX ќе удри во месечината со речиси 8.700 КМ/Ч

Следно

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Latest from Blog

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна

22 пожари на отворен простор утрово

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој
Go toTop