Забеганоста на привилегираните елити

December 19, 2023
1 min read

Не знаеме дали го знае Сиксто Шугармен Родригез, ама младиот Ајдан Маезе – Черопски би можел да си ги запее оние негови стихови “Cause I lost my job, two weeks before Christmas….”

Тој остана без работа во американскиот Сенат откако вирално се прошири неговата секс снимка од службените простории на институцијата, во онаа веројатно најважната, салата за сенаторски сослушувања.

На таа снимка Ајдан има додуша пасивна, ама сепак главна улога во актот со друг маж. Видевцето требало да се гледа во мал круг одбрани геј другари, ама ете, некој испаднал педер па ја пуштил снимката на интернет.

24 годишниот дечко беше асистент на демократскиот сенатор Демократ Бен Кардин од Мериленд. Бргу доби отказ.

Кочете ако помисливте дека неговата одлука а) да има секс во Сенатот и б) да се снима, била непромислена и несоодветна.

По обелоденувањето на скандалот, тој на Линкдин бргу напиша коментар дека „нападнат сум поради она што љубам“ и се закани дека ќе ги разгледа сите правни опции да тужи некого.

Ок, има право дечкото да се брани како сака и, колку и да е глупо, да проба во целата оваа епизода да се прави дека тој е жртва. А нека не ве чуди ни што не е сам. Еве што прочитавме во еден прогресивен и разбуден магазин:

„Актот на Ајдан Маезе-Черопски беше симболичен и храбар, бидејќи во свет полн со омраза, демонстрациите на љубов се бунтовништво. Секоја секунда во која Ајдан и неговиот партнер водат љубов во халите на моќта беше наполнета со потресно значење“.

Јес.

Од друга страна, Џени Холанд смета дека секс снимката во Сенатот ја открива дрскоста на новите елити. Младите, разбудени и привилегираните веруваат дека нормалните правила не важат за нив.

„Се разбира, младите отсекогаш правеле глупости и неодговорни и недолични работи. Но, денешните најпривилегирани млади се чини дека го прават тоа без трошка каење. Тие веруваат дека правилата не важат за нив. Дека имањето вистински став околу идентитетите или нивните разбудени уверувања треба да ги заштитат од какви било последици. Дрскоста на овие нови елити е навистина нешто што треба да се види“.

Пред да стане сенаторски асистент, Маезе-Черопски бил во климатските и енергетски редови на фондацијата „Еко-пријатели на Земјата“ а беше горд и на учеството во кампањата на Џо Бајден.

ОК, да не драмиме премногу, на Демократите не им е првпат. Ако верувате дека на следната фотографија има само едно лице, премлади сте да се објаснуваме:

*******

 

 

 

 

 

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Таравари се сретна со Ахмети, ЕСП чека одговор – „За АА многу е тешко да оди на избори со ДУИ, но“

Следно

ВМРО-ДПМНЕ и НДИ потпишаа Меморандум за соработка

Latest from Blog

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се
Go toTop