„Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение.
Како што истакна, тие вооружени формации и тропањето со оружје од страна на Приштина се случуваат пред очите на целата меѓународна заедница, која не реагираше на ниту еден воен сојуз што Приштина го формираше со Хрватска и Албанија, кои се членки на НАТО.
Извор: vecer.mk