За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина

April 19, 2024
1 min read

За еден месец на подрачјето на Националниот парк Шар Планина изгореле над 400 хектари, а од тоа најголема површина е зафатена во само два пожари над село Селце, кои траеја шест дена, информираа денеска од НП Шар Планина.

Како установа потрошиле 80 илјади денари материјални средства, а штетите по изгубена дрвна маса и друга вегетација сè уште не се пресметани. Не се калкулирани трошоците на другите државни институции. Иако најчесто пожарите се случиле во близина на населени места и приватни имоти, во само неколку исклучоци локалното население и сопствениците излегле да ги заштитат шумите од пожари.

– Зимата е пократка, летото е подолго и симптоматично е што пожарите се појавуваат со поголем интензитет и почесто. Очигледно е дека условите се менуваат, а за справување со вакви екстреми немаме модел затоа што се потпираме на искуства. Јавната Установа Национален Парк Шар Планина е релативно нова институција и токму на самите почетоци е вистинско време да се прилагодиме да не се фокусираме само на досегашните искуства, туку да се фокусираме и на тоа што може да се случи, истакна на прес-конференција Ибрахим Дехари од НП Шар Планина.

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Следно

Вучиќ на годишнината од Бриселскиот договор: Единаесет години лаги и терор, без формирање на ЗСО

Latest from Blog

Плоштадот во Охрид ПРЕТЕСЕН, испратена моќна порака „Македонијо во срце те носиме“!

Со полно срце, под ѕвезденото небо на древниот Охрид и во сенката на Самоиловата тврдина, вчеравечер стартуваше големото музичко патување – караванот „Македонијо во срце те носиме“. Музиката која ја слави душата

Флоренци му кажа збогум на фудбалот

Алесандро Флорецни, некогашниот италијански репрезентативец и член на екипите на Рома и Милан, на 34. годишна возраст реши да се прости од активното играње фудбал. Тој преку социјалните мрежи ја објави оваа

Руски и кинески подморници првпат заеднички патролираа во Пацификот

Подморници на руската и кинеската морнарица за прв пат спроведоа заедничка подводна патрола во водите на Тихиот Океан, соопшти денес прес-службата на Руската пацифичка флота. „Подморници на руската морнарица и Народноослободителната армија
Go toTop