За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана

November 15, 2025
1 min read

Албанската полиција во периодот јануари-октомври годинава, идентификувала и уништени вкупно 203.960 стебла марихуана, од кои 106.894 стебла биле идентификувани со воздушно следење, а 97.066 со теренски контроли, од страна на структурите на државната полиција.

Според генералниот директор на полицијата, Илир Прода, регионот Скадар, во северниот дел на земјата, останува регион со најголем ризик, со уништени 105.591стебла. Во исто време, структурите на државната полиција идентификувале и уништиле во почетната фаза 17.447 садници а заплента е и поголема количина семе марихуана.

-Во извештајниот период се идентификувани 580 случаи на одгледување на марихуана, во што беа вклучени 191 лице, од кои 106 се уапсени, 36 се приведени, 17 се бранат од слобода, а по 32 лица се трага. Како резултат на засилените контроли површините со ова наркотично растение, споредено со истиот период минатата година, се намалени, што подразбира и помала бројка на уништени стебла и садници, изјави Прода.

Нагласи и дека во текот на оваа година, кривично се гонети се и 163 лица за злоупотреба на службена должност и непријавување кривично дело, главно селски старешини, административци, вработени во електродистрибуција, шумски инспектори.

Порача дека борбата против одгледувањето марихуана останува национален стратешки приоритет и предизвик што бара континуирана меѓународна соработка.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Кој кажа дека Дон Флорентино ќе го напушти Реал Мадрид?!

Следно

Во манастирот во Рајчица достојно ќе биде одбележан Ѓурѓиц, празник на Георгиј Победоносец

Latest from Blog

Турција се вклучува во истрагата за падот на Ер Трактор во близина на Сењ

Главниот истражител за воздушни несреќи, Данко Петрин, потврди дека турските истражители денес, во согласност со меѓународните правила, се приклучиле на истрагата и го посетиле местото на падот на турскиот авион „Ер Трактор“

Во манастирот во Рајчица достојно ќе биде одбележан Ѓурѓиц, празник на Георгиј Победоносец

Вечерва со почеток во 19 часот ќе се отслужи празнично бдение со Повечерие, Вечерна, Утрена и Први час. Утре на денот на празникот во 8:30 часот ќе почне Божествена архиерејска Литургија, на

Во Гевгелија третпат се одржа инклузивната трка „Run Together“

Во Гевгелија денеска по третпат се одржа трката „Run Together“ (’Трчаме заедно‘) – трка на солидарноста, пријателството и инклузијата, како што нагласуваат организаторите. Рутата е долга еден километар, а трката почна во
Go toTop