Вучиќ: Србија е заинтересирана за руската вакцина против онколошки заболувања

October 16, 2025
1 min read

„Србија е заинтересирана за овој најнапреден вид терапија и потенцијалната соработка во оваа област со нашите руски партнери претставува огромен чекор кон подигнување на стандардите за дијагностика и лекување во нашата земја“, напиша тој на Инстаграм.

Тој во Белград разговараше со директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ Александар Гинцбург и генералниот директор на Националниот медицински истражувачки центар за радиологија Андреј Каприн, и ја оцени средбата како одлична.

Додаде дека за Србија, инвестирањето во брз и сигурен пристап до најсовремените решенија во областа на онкологијата е еден од приоритетите.

„И затоа ја изразив целосната подготвеност на нашата земја за континуирана соработка што може да придонесе за развој и евентуално производство и примена на оваа вакцина во нашата земја, почитувајќи ги највисоките светски стандарди во однос на безбедноста и етиката“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ФИФА: На САД и на претседателот Трамп е да одлучат околу градовите домаќини на Мундијалот

Следно

Официјалната истрага утврди дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

Latest from Blog

Рафа Бенитез е нов тренер на Панатинаикос!?

По малку подзаборавениот, но сериозно искусен и квалитетен шпански тренер Рафа Бенитез е опција за преземање на клупата на грчкиот тим Панатинаикос. Гигантот од Атина во моментов е без тренер затоа што

Коњановски доби силна поддршка од ромската заедница

Денес кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, ја доби официјалната поддршка од ромската заедница во градот. „Искрено им се заблагодарив за довербата и за вербата дека заедно можеме да продолжиме

Орце Ѓорѓиевски: Подадена рака кон сите граѓани за модерно и европско Скопје

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје, ги повика граѓаните на обединување и акција за развој на градот, нагласувајќи дека неговата визија е Скопје да биде општина за сите, без разлика

Во тек телефонски разговор меѓу американскиот и рускиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека во тек е неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. „Во моментов разговарам со претседателот Путин. Разговорот е долг и содржаен, а за деталите ќе
Go toTop