Вучиќ на годишнината од Бриселскиот договор: Единаесет години лаги и терор, без формирање на ЗСО

April 19, 2024
1 min read

Поминаа 11 години од Бриселскиот договор во кој Србија се развиваше и напредуваше побрзо од другите. Но и 11 години лаги и терор што ни ги вршеа приштинскиот режим и ЕУ. Единаесет години не се спроведува суштината, формирањето на Заедницата на српските општини, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека поминале 11 години во „брутални лаги, по што се поставува прашањето каква доверба можеме да имаме и да изградиме“.

Според него, немало кој не реагирал вчера поради задржувањето автобуси на премините.

– Срам да ви е сите заедно. Автобусите не беа приведени, но две-три лица беа приведени на распит: едното беше припадник на ОВК и е осомничен дека сторил кривично дело. А вториот е задржан од безбедносни причини. Сите тие се пуштени. И тоа беше најголемиот проблем на светот. Блокадата на стоки од Србија кон Косово трае веќе десет месеци. Сите молчите, нагласи тој и наведе случаи на апсења и тепања на Срби на Косово.

Тој рече дека ќе мора „да се навикнеме на тоа лицемерие и дволичност бидејќи тоа нема да се промени“ и дека тоа се гледа од резолуцијата за Сребреница во ОН и Советот на Европа.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина

Следно

Пет лица загинаа, двајца се исчезнати во поплавите во Казахстан

Latest from Blog

Време беше, и ние го чекаме ова: СЕ БАРА ВОЗАЧКА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ, КАЗНИ И ОДГОВОРНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ

Парламентарната хрватска политича партија Мост ги презентираше најважните точки од нивната најнова политичка иницијатива – нацрт-законски предлог за регулирање на возењето и употребата на електрични тротинети. – Во првите шест месеци од

Ушинова од Штип: Стартува акцијата Предложи! Вистинската идеја за вашата општина – Очекуваме голем одзив и идеи од граѓаните, со цел да бидат ставени во изборната програма

Ние очекуваме голем одзив и масовност од страна на нашите сограѓани, затоа што сакаме проектите коишто ќе бидат вградени во следната изборна програма да произлегуваат токму од нив и од нивните потреби,
Go toTop