Вучиќ: Досега се предадени над 3 000 нелегални оружја и десетина илјади куршуми

May 10, 2023
1 min read

Според српското МВР, на првиот ден од кампањата за предавање на нелегалното оружје, биле предадени 1 500 парчиња оружје, 500 куршуми, повеќе од 100 бомби, минофрлачи и друго оружје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во акцијата на Министерството за внатрешни работи за предавање на нелегалното оружје се предадени повеќе од 3 000 оружје и десетина илјади куршуми.

„Тоа е добра вест. Знаев дека многу луѓе ќе се налутат поради оваа акција, но тоа е важно за Србија… Ќе продолжиме да земаме нелегално оружје, а потоа ќе анализираме се што е легално“,

рече Вучиќ.

Тој изјави дека има големо присуство на полицајци во училиштата и дека реакциите на родителите и наставниците се позитивни.

„Наставниците сега ќе имаат поголеми права… Децата нема да можат да се однесуваат арогантно и силеџиски“,

рече Вучиќ, кој најави итно вработување нови полицајци.

Според српското МВР, на првиот ден од кампањата за предавање на нелегалното оружје, биле предадени 1 500 парчиња оружје, 500 куршуми, повеќе од 100 бомби, минофрлачи и друго оружје.

Граѓаните на Србија во следните месец дена ќе можат без санкции да го предадат нерегистрираното оружје во најблиската полициска станица. Во тој период граѓаните кои ќе го предадат нерегистрираното оружје нема да одговараат ниту кривично ниту ќе сносат некакви последици и не мора да го докажуваат потеклото на оружјето.

Српското Министерство за внатрешни работи ја покрена акцијата за предавање на нелегалното оружје по двете масовни убиства што се случија белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата кај Младеновац и Смедерево. Во два масакри беа убиени 17 лица, а над 20 беа ранети.

Полициски патроли ќе бидат распоредени во близина на секое училиште во Србија, а засилено полициско присуство ќе има на сите јавни места каде што се собираат поголем број луѓе. Ова е исто така една од мерките што ги најавија српските власти по двата крвави масакри. Видливо полициско присуство ќе има во трговските центри, парковите и на плоштадите, најави викендов државниот секретар на српското МВР, Данило Стевандиќ, во гостување на ТВ Пинк.

Во Србија од утре засилени полициски патроли во училиштата, трговските центри, плоштадите и парковите

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шефот на британската дипломатија: Украина не е холивудски филм, потребна е поголема поддршка

Следно

СТОЕЧКИ ОВАЦИИ ЗА МОЌНАТА „НАБУКО“ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ОТВОРАЊЕТО НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop