Вселенскиот патријарх: Руската црква ја сподели одговорноста за злосторствата во Украина

March 22, 2023
1 min read

Вартоломеј, кој во 2019 година ја налути Москва со признавањето на новоформираната православна црква на Украина, рече дека руските власти ја користат црквата како „инструмент за нивните стратешки цели“

Црквата и државното раководство во Русија соработуваа во злосторството на агресија и ја споделија одговорноста за злосторствата како што е шокантното киднапирање на украинските деца.

Ова на конференцијата во литванскиот парламент го изјави вселенскиот патријарх и духовен водач на православните христијани, Вартоломеј, објави Ројтерс.

Нагласувајќи ја потребата од „духовна регенерација“ и во Русија и во Украина, вселенскиот патријарх додаде дека заедничката христијанска должност е „руските браќа и сестри да се вратат во заедницата на заеднички вредности“

Ројтерс пишува дека ваквите изјави на вселенскиот патријарх Вартоломеј се укор за рускиот патријарх Кирил, чиј благослов за московската инвазија на Украина ги подели православните христијани.

Вартоломеј, кој во 2019 година ја налути Москва со признавањето на новоформираната православна црква на Украина, рече дека руските власти ја користат црквата како „инструмент за нивните стратешки цели“.

„Нашиот меѓурелигиски дијалог треба да се фокусира на начините за отпор и неутрализирање на капацитетот на раководството на Московската патријаршија да го поткопа единството и теолошки да го легитимира криминалното однесување“,

рече Вартоломеј.

Нагласувајќи ја потребата од „духовна регенерација“ и во Русија и во Украина, вселенскиот патријарх додаде дека заедничката христијанска должност е „руските браќа и сестри да се вратат во заедницата на заеднички вредности“.

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина. 

Официјална Москва вели дека децата биле преместени од Украина заради нивна безбедност и негира дека ги прекршила правата во Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иницијативата на ЗЏМ се оствари, ќе се формира „Оркестар за џез музика“

Следно

Митева: Власта не реагира за намалување на корупцијата, постапка за Коридорот 8 и 10Д нема, токму неказнивоста е темелот на корупцијата

Latest from Blog

Видео: Ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил

Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа од Рио де женерио е поставена пред продавница  Хаван. Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната,

ПАРИТЕ ОДАТ ВО АЛБАНИЈА НАМЕСТО ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ БЛОКАДЕРИТЕ: Зетот на Трамп ја откажува инвестицијата од 750 милиони евра

Зетот и инвеститор на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се откажа од инвестиција од 750 милиони евра за изградба на хотел во центарот на Белград и наместо тоа парите ќе одат

Сијарто: Европската политичка елита нема интерес за мир во Украина

Европската политичка елита „дефинитивно нема интерес“ за мир во Украина, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека мора да се направи сè за да се спречи „поткопување“ на
Go toTop