Променливо облачно и топло време со сончеви периоди се очекува денес. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 26 до 34 степени.
Во Скопје, топло и ветровито со минимална температура до 15 и максимална до 31 степен.
Од денес до почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.
Извор: zurnal.mk

