Волф: Хамилтон е најдобриот на сите времиња

August 9, 2025
1 min read

Луис Хамилтон има очајна сезона во тимот на Ферари. Иако сè уште се приспособува на новиот болид, за кој вози од оваа сезона, сè поголеми се шпекулациите за негово заминување, не само од Ферари, туку и од Формула 1.

Овој пат во негова одбрана застана Тото Волф, долгогодишниот шеф на Мерцедес, по неговиот разочарувачки настап на Големата награда на Унгарија.

Хамилтон имаше тежок викенд, кулминирајќи во квалификациите кога беше елиминиран во втората рунда и заврши само 12. на трката. Откако излезе од болидот, Хамилтон отворено зборуваше за своето разочарување, велејќи дека е „бескорисен“, па дури и навести дека Ферари можеби ќе треба да најде „нов возач“.

Зборовите предизвикаа голем број реакции, но Волф тврди дека тие биле израз на моментната фрустрација и дека Хамилтон, едноставно, е срцето на тимот.

-Луис е срцето на тимот. Тоа го почувствува во момент кога го прашаа по сесијата. Беше вкочанет, се сомневаше во себе, им одговори Волф на новинарите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме

Следно

Сончево и исклучително топло време, температури до 38 степени

Latest from Blog

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“
Go toTop