Водно и Вардар им се омилени, а што им пречи во Скопје – двете професорки со одговор

March 23, 2023
1 min read

Зошто го сакаат Скопје, а што им пречи најмногу во нивниот роден и град на живеење – ги прашавме Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ и Ирена Теодора Весевска, професорка на Филозофскиот Факултет во Скопје. 

Водно и на двете им е омилена дестинација, а и двете професорки го делат ставот дека некултурата, урбаната мафија, загаденито воздух ни под разно не се убави во Скопје! 

-Ја сакам енергијата на Скопје со која ги издржува силувањата на своите жители, од урбаната мафија, архитектонски акробации, загадувачи на воздух, истурачи на фекалии, сеачи на магла и егзибиционизам… Ги сакам липите на Партизанска, кањонот на Матка, брзаците на Треска, патките што пловат во Вардар, небото над Водно, калдрмата во Чаршија, бозата во Апче, шаренилото од луѓе со различни религии и култури… Само некултурата и непочитувањето на градот многу ми пречат. Омилени ми се сите катчиња и ќошиња на Скопје, дури и овие новокомпонираните ги засакав, тука се, во Скопје никнаа и мора да ги чуваме… Скопје е нашата пренаселена убавица, јавната од сите! – вели професорката Алексиќ во интервју за Скопје Инфо

На прашањето „Што ви пречи , а на што сте особено горди во овој град? Кои ви се омилени места? Како го поминувате слободното време?“ еве што вели прфесорката Весевска: 

-Родена сум во Скопје, тука живеам и тука работам. Ужасно ми пречи дивеењето на урбаната мафија, неконтролираното и непланско градење, буквално на секој слободен метар квадратен, врз археолошки локалитети, со субстандардни градби по екстремно високи цени. Ние други објекти како да не знаеме да градиме. Нема паркови, функционални отворени простори.

Имаме мегаломански објекти-монструми, градени – недоизградени, градежен шут и ѓубре. Скопје станува град што сам себеси се гуши, и сам себе ќе се проголта. За жал. Ако на нешто сепак сум горда, тоа е фактот што во последниве неколку години, и покрај сè, Скопје има богата и разновидна културна програма, благодарение на многу млади и не толку млади ентузијасти и професионалци кои успеваат со натчовечки напори и вложена енерегија, труд и време, да создадат атмосфера на град што личи на светска метропола, со урбана публика, гладна за свежи и интригантни содржини.

Омилени места? Да ме прашавте пред три години, ќе почнев да набројувам кафулиња и дискотеки, а сега, постпандемично ќе кажам дека одењето во Градски парк и шетањето покрај кејот на Вардар, заедно со искачувањето на Водно, ми станаа медитативна терапија.

Во целиот овој хаос во кој живееме, во таа какофонија од обврски, рокови, гужви и метежи, почнав да барам места каде можам да си ги чујам јасно сопствените мисли. А тоа најмногу ми успева во природа. Во тишина. Или со добра плејлиста на слушалки, вели универзитетската професорка Весевска во неодамнешното интервју за нашиот портал. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија: Штрајковите предизвикаа нарушување на авиосообраќајот на аеродромите во Хамбург и Минхен

Следно

Повеќе луѓе во Холандија бараат евтаназија, одобрени се 1.240 барања

Latest from Blog

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Артета: Многу тажен ден…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мирно го коментираше поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот. „Ме боли, особено за нашите играчи и навивачи, бидејќи навистина сакавме да го

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop