ВО ВАКОВ МОМЕНТ МИ Е НЕПРИЈАТНО ШТО СУМ ЖИВ, КАЖА ГОРАН ТРАЈКОСКИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА МОНОГРАФИЈАТА ЗА НЕГО

December 1, 2024
1 min read

Култниот македонски музичар Горан Трајкоски призна дека му е непријатно што е жив и што може да сведочи на излегувањето на монографијата за него, која беше промовирана вчера во Галеријата на Младински културен центар во Скопје. Едноставно насловена „Готра“, ова е петта антологиска книга на Тошо Филиповски за македонската рок музика во последните шест години, но прва што ја посветува на една личност.

Трајкоски, кој беше дел од бројни музички проекти, меѓу кои се издвојуваат „Сарацени“, „Падот на Византија“, „Мизар“, „Анастасија“ и „Мугер Фугер“, доби стоечки овации од присутните по завршувањето на промоцијата, по што многумина сакаа да им ја потпише книгата, а некои донесоа и цедеа и плочи.

„Готра“ е петта антологиска книга на Тошо Филиповски за македонската рок музика во последните шест години (Фото: Г. Конев)

Кога Тошо првпат ме праша дали сакам да прави вакво нешто, тоа беше еден од најтешките периоди во мојот живот, зашто бев на пат да ја изгубам мојата животна сопатничка. Му реков прави што сакаш, јас не можам да ти помогнам. Не ме контактираше премногу, само за некои фотографии и текстови. Книгата уште не сум ја видел, но мора да кажам дека се чувствувам доста непријатно што сум жив. Не знам како да реагирам на ова, мојата претстава за вакви моменти отсекогаш била поинаква. Пред неколку месеци дури му реков да ја одложи книгата за барем две години зашто во следниот период сакав да направам уште неколку албуми, па и нив да ги внесе. Но, тоа не ми беше целта, мислев ќе се откаже“, изјави Трајкоски.

Книгата, чиј издавач е „Корпус деликти рекордс“, содржи над 200 фотографии на 333 страници и изјави и сеќавања на 50-ина музичари и новинари од целиот Балкан.

Трајкоски потпишуваше книги, но и цедеа и плочи (Фото: Г. Конев)

Филиповски кажа дека и оваа книга треба да му покаже на западот дека имаме култура рамна на тамошната и во некои случаи и поквалитетна и се осврна на тоа како Трајкоски влијаел врз неговиот живот.

Еден од оние на кои треба да бидеме горди и да им оддадеме почит е Горан Трајкоски, кој на некој начин ми го насочил животот, го сменил од тинејџер пубертетлија кој растел во Кочани во 1980-тите во овој сегашен Тошо Филиповски. Тој беше првиот кој ме пречека и прими кога дојдов во Скопје во 1987, ме упати во сцената и луѓето и потоа продолживме да комуницираме преку писма. Во 1990-тите ни се разидоа патиштата, тој со ‘Анастасија‘, јас панкер кој сака да го менува светот. Ние не сме се дружеле многу, но преку писмата и музиката, Готра многу ме инспирираше“, рече Филиповски, најавувајќи дека веќе од следната недела почнува да пишува нова книга.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РКЕ утре ќе ја соопшти новата цена на струјата

Следно

Таравари: За прв пат во историјата на Македонија има уапсен за палење на албанското знаме

Latest from Blog

Коњановски: Битола никогаш нема да ги заборави своите сограѓани Евреи

Со неколку настани, денес во Битола се одржа комеморативно одбележување на 83 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија, со поддршка на општина Битола. Градоначалникот

Алкалоид најтргувана, НЛБ и Комерцијална банка со висока активност – МБИ10 со пад од 0,18%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 10 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,18% и заврши на 9.886,57

Тоневски: Пробиштип дел од приоритетните проекти за развој на Источниот регион

Вчера се одржа третата седница на Советот за развој на Источниот плански регион, на која беа донесени повеќе одлуки, меѓу кои и утврдување на листата на предлог-проекти за развој на регионот. Проектите

Бортников: Во Русија спречени атентати врз високи функционери и воени команданти

Во Русија неодамна беа спречени повеќе обиди за атентати врз високи државни функционери и припадници на командниот кадар на Оружените сили и на Руската национална гарда, изјави директорот на Федералната служба за

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25% од предвидените за 2026 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. Вкупниот износ на овој проект изнесува 129.717.440 денари. -Добар ден и од мене.
Go toTop