Инвестицијата на германската компанија Милбауер е 29,5 милиони евра.
Камен-темелник беше поставен пред една година и најавено е дека во фабриката ќе се изработуваат биометриски документи за 30-40 земји.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази благодарност до германската компанија не само за инвестицијата, туку и за тоа што ѝ донесе на Србија технолошка предност.
Сопственикот на фабриката, Јозеф Милбауер, му покажа на Вучиќ како се изработуваат биометриски документи на една од машините, вредна половина милион евра, истакнувајќи дека станува збор за германско-српско-баварска технологија.
„Работиме заедно 15 години, имаме производ од светска класа благодарение на довербата што ја најдовме тука“, рече тој и нагласи дека таа компанија ги изработува сите документи во Америка.
Машината произведува 5.000 документи на час, рече Милбауер.
На отворањето на фабриката присуствуваа германската амбасадорка Анке Конрад, премиерката на Војводина Маја Гојковиќ и министрите Ивица Дачиќ и Синиша Мали. Во фабриката се вработени 150 луѓе.
Извор: vecer.mk


