Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање

November 10, 2025
1 min read

Поддржувачите тврдат дека асистираното умирање би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека на овој начин би била нарушена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци, објави словенечка СТА.

Несогласувањето меѓу над триесет словенечки политички партии по ова прашање е многу остра, со јасна разграничување помеѓу конзервативните, традиционалистички партии и оние што се залагаат за попрогресивни политики.

Противниците на законот за асистирано умирање веруваат дека одбраната на човечкото достоинство е вкоренета во грижата, а не во убиството, и се залагаат за инвестирање во хосписи, палијативна нега и психолошка поддршка, наместо во правна еутаназија.

Најсилното противење на асистираното умирање доаѓа од редовите на конзервативните партии како што се Демократската партија (СДС), Нова Словенија (НСи) и Народната партија (СЛС), кои тврдат дека законот го крши уставното право на живот, ја поткопува медицинската етика и е предмет на можна злоупотреба.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Дешамп по СП 2026 се сели во С. Арабија?

Latest from Blog

Дешамп по СП 2026 се сели во С. Арабија?

ФОТО: Équipe de France de Football/FB Ако нешто се знае поврзано со селекцијата на Франција, која ќе биде една од главнте аспиранти за титулата на СП 2026, тогаш тоа е дека сегашниот

Албанија формира парламентарна група за поддршка на Израел и се приклучува кон ИАФ

Новата група ќе работи заедно со меѓународната коалиција на произраелски парламентарни тела за зајакнување на таканаречената „дипломатија базирана на вера“ и подобрување на поддршката за Израел. „Копретседатели на групата ќе бидат Ромина
Go toTop