Во Скопје отворено Балканското првенство во кендо – древна јапонска боречка вештина

April 29, 2023
1 min read

Со поддршка на Општина Карпош, во организација на Македонската Кендо – Иаидо Федерација, викендов во спортскиот центар „Форца“ започна Балканскиот кендо куп за јуниори, сениори и ветерани, кој се одржува по 13. пат. 

Во нашата земја, оваа мечувалска боречка полуконтактна вештина се практикува од 2006 година, а Балканијадата се одржува по трет пат. 

Покрај љубителите на оваа древна јапонска вештина, на настанот присуствуваше и амбасадорот на Јапонија во нашата земја, господинот Казуја Отсука, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и претседателот на Комисијата за спорт при Советот на локалната самоуправа, Давор Грче.

– Ми претставува особно задоволство што сите вие денеска сте гости, токму во нашата општина. Ова натпреварување е помогнато исто така од локална самоуправа од Карпош и многу ми е драго што ја негувате оваа древна вештина. Јас како поранешен шампион на Македонија и СФР Југославија во карате, но и како ваш „домаќин“ ви посакувам успешно спортско натпреварување и оттука да понесете само добри впечатоци и спомени – посочи првиот човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На овој голем спортски настан учествуваат над 160 кендо-борци. Покрај македонските овде се и учесници од Србија, Бугарија, Грција, Романија, Црна Гора, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, како и гостите од Малта. 

Борбите истовремено се одржуваат на неколку борилишта (шиаи), кои пак се поделени во индивидуални и тимски категории.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиев на ТЕХНОФЕСТ: „Туркије е гарант на мирот, стабилноста и безбедноста во нашиот регион“

Следно

Ердоган ги објави имињата на астронаутите избрани за првата турска вселенска мисија со екипаж

Latest from Blog

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски

Општина Битола: Второ место на национално ниво за транспарентно и отчетно работење

Општина Битола го освои второто место меѓу 81 единица на локалната самоуправа во Македонија според Индексот на отворени општини за 2025 година, изработен од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. Со освоени

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,
Go toTop