Ердоган ги објави имињата на астронаутите избрани за првата турска вселенска мисија со екипаж

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека земјата избрала астронаути за првата вселенска мисија, која е планирана за крајот на оваа година, јавува Анадолу.

Ердоган го посети големиот турски саем за технологија и воздухопловство ТЕХНОФЕСТ, кој се одржува на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, и во таа пригода соопшти дека Алпер Гезеравџи и Тува Џихангир Атасевер се избрани за први турски астронаути што ќе патуваат во вселената.

„Алпер Гезеравџи, кој ќе оди на Меѓународната вселенска станица, е херојски турски пилот што веќе има постигнато важни успеси во Воздухопловните сили на нашата земја, а Тува Џихангир Атасевер е системски инженер што работи во Рокетсан“, рече Ердоган.

Тој појасни дека Алпер Гезеравџи е првиот астронаут, а Тува Џихангир Атасевер е резервен астронаут.

„Нашиот пријател, кој ќе замине во првата турска вселенска мисија со човечки екипаж, ќе остане на Меѓународната вселенска станица 14 дена. Во оваа мисија ќе изведе 13 различни експерименти подготвени од универзитетите и истражувачките институции на нашата земја. Времето на испраќање на нашиот патник во вселената е планирано за последниот квартал од 2023 година“, рече Ердоган.

Туркије во 2018 година ја основа Турската вселенска агенција, а една година подоцна ја најави вселенската програма на земјата, како и вселенската мисија со екипаж.

„Младите ќе ја одведат Туркије во највисоката лига и ќе го остварат сонот на земјата за целосна независност. Многу се боревме да воспоставиме клима во нашата земја во која нашите млади ќе можат без страв да ги следат своите соништа. Ги скршивме оковите на заостанатоста на Туркије, изградивме инфраструктура на голема и моќна Туркије“, истакна Ердоган.

За ТЕХНОФЕСТ, петдневниот настан што започна во четвртокот, Ердоган рече дека тоа е светски воздухопловен настан број еден и дека стана бренд во својата област.

Нагласи дека бројот на учесници на манифестацијата од 2018 година секоја година се зголемува.

Првото издание на ТЕХНОФЕСТ прими 4.233 апликации од натпреварувачи во 2018 година, а оваа година таа бројка достигна 333 тима и милион луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Во Скопје отворено Балканското првенство во кендо – древна јапонска боречка вештина

Следно

ЈПДП преку соопштение информира за првата трансакција наменета за коридорите 8 и 10-д: Префрлени ни се 117 милиони евра  

Latest from Blog