Во Скопје отворен новиот трговски центар „Дајмонд мол“ од групацијата „Лимак“

October 20, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје е отворен новиот трговски центар „Дајмонд мол“, што е изграден од страна на Групацијата „Лимак“, јавува Анадолу.

На церемонијата на отворање присуствуваа премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, почесниот претседател на Групацијата „Лимак“, Нихат Оздемир, амбасадорот на Туркије во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, претставниците на турските организации и институции во земјата, градоначалници и голем број поканети гости.

Почесниот претседател на Групацијата „Лимак“, Оздемир, изрази возбуденост што прават важен чекор во рамки на проектот „Diamond of Skopje“, што се состои од станбени објекти, хотел, деловни простории и трговски центар.

Тој нагласи дека трговскиот центар „Дајмонд мол“, изграден на површина од 48.000 метри квадратни, ќе ја ревитализира економијата не само на Скопје, туку и на земјата и на Балканот, и ќе придонесе во вработувањето.

„Овој трговски центар кој го отвораме денес, е последната алка од проектот „Diamond of Skopje“, кој чини 350 милиони евра и обезбедува 1000 работни места од различни сектори“, нагласи Оздемир, додавајќи дека проектот „Diamond of Skopje“, целосно ќе заврши кон крајот на 2024 година.

„По 9 дена ќе ја одбележиме 100-годишнината на Република Туркије. Целта ни е под водство на претседателот Ердоган на Балканот да го пренесеме турското искуство и турските претприемачи“, рече тој, нагласувајќи дека се среќни што го реализираат овој проект во Скопје.

Турскиот амбасадор Секизќок рече дека иницирањето на голем градежен проект во срцето на градот Скопје бара визија и искуство.

Тој истакна дека овој проект е изграден со разбирање соодветно со духот на денешницата.

„Овој важен проект реализиран во Скопје се состои од различни компоненти. Наскоро ќе завршат сите делови на овој проект. ‘Дајмонд мол’, кој го отвораме денес, со својата елеганција како скапоцен камен и својот препознатлив стил, носи збогатувачка димензија во градската култура во Скопје. Без сомнение дека ќе биде извор на инспирација за урбанистите на нашето време“, додаде тој.

Генералниот директор на „Халкбанк“, Осман Арслан, изрази задоволство што дале придонес во реализирањето на овој проект.

„Ние сме трета најголема банка во Туркије. Но, со задоволство сакам да истакнам дека сме на позиција на четврта најголема банка во Северна Македонија“, истакна тој.

„Ние имаме верба во иднината на Северна Македонија, и како Халкбанк ќе продолжиме со поддржување на економијата на Северна Македонија“, додаде Арслан.

По обраќањата, поканетите гости, меѓу кои и премиерот Ковачевски, прошетаа низ трговскиот центар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Просечната нето-плата во август 36 390 денари

Следно

Израелската Влада одобри вонредна регулатива за затворање на „Ал Џезира“ во Израел

Latest from Blog

Кои се сестрите Надер? Ги нарекуваат новите Кардашијан

Серијата во голема мера се потпира на проверена и вистинита формула: атрактивните сестри се ослободуваат од традиционалното воспитување, минуваат низ јавни раскинувања, лансираат модни линии и се караат пред камерите за време

Поранешниот голман на Арсенал го купува славниот клуб од Минхен и ќе гради нов стадион

фото: Sky Sports UK (X) Поранешниот голман на Арсенал и на германската репрезентација, Јенс Леман, ќе стане ко-сопственик на германскиот третолигаш Минхен 1860, објави „Абендцајтунг“. Според изворот, поранешниот голман е сериозно решен

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв
Go toTop