Во Новаци реализирани 150 проекти: Стевче Стевановски со детали за капиталните инвестиции

September 4, 2025
6 mins read

Општина Новаци која е сместена во јужниот дел на Република Македонија и опфаќа 41 село, од кои 34 рамничарски и 7 ридско-планински, е значајна општина во Пелагонискиот регион.

Општината е крстосница на регионалните патишта: патот Битола-Новаци-Маково го поврзува битолскиот дел на Мариово, исто така југоисточно од Новаци патот што води кон селата Брод и Бач, а на север кон Добрушево-Тополчани-Прилеп. Новаци секогаш претставувало центар на управна единица и се вбројува во редот на поголемите општини во државава.

Во интервју за Курир, градоначалникот на општина Новации, Стевче Стевановски кој е кандидат за втор мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, даде свое видување за периодот во кој ја водеше општината, но и ги откри плановите за идните проекти кои ќе бидат во програмата за престојните локални избори.

КУРИР: Што претставува за Вас лично довербата која ја добивте од ВМРО-ДПМНЕ да бидете повторно кандидат за градоначалник на општина Новаци?

Стевановски: Повторното добивање на довербата да бидам кандидат за градоначалник на општина Новаци за мене лично претставува голема чест и обврска. Тоа е признание за сето она што заедно со мојот тим го работевме во изминатите години, но и јасен сигнал дека граѓаните ја препознале посветеноста, трудот и резултатите. Во политички контекст, оваа доверба ја доживувам како потврда дека досегашниот ангажман бил во вистинска насока – со конкретни проекти, транспарентност и одговорност кон заедницата. Во исто време, тоа е и дополнителна мотивација да продолжам со уште поголема енергија и одлучност, затоа што довербата не само што се добива, туку и секојдневно треба да се оправдува пред граѓаните.

Facebook / Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци

КУРИР: Кои капитални проекти би ги издвоиле како важни кои се реализираа во вашиот прв мандат?

Стевановски: Во изминатите четири години реализиравме над 150 проекти со вкупна вредност од 4 милиони евра. Од капитални инфраструктурни инвестиции, нови патишта и улици, канализациони и водоводни мрежи, па сè до вложувања во образованието, младите, спортот и културата – докажавме дека кога се работи чесно, посветено и домаќински резултатите не изостануваат.

• Ги изградивме трите главни улици кои ќе ја поврзат новата Индустриска зона во Новаци во должина од 1.5 km вредни околу 60 милиони денари.Овој проект ќе значи дополнителен раст и развој на целиот регион.
• Изградивме комплетно нова водоводната и канализационата мрежа на улиците крак 1 и крак 3 кои водат до новата Индустриска зона -Златен клас во должина од 875 метри.
• Едно од моите најголеми ветување во предизборието беше изградбата на канализациона мрежа со пречистителна станица во село Добромири. Ветеното се реализира. Изградена е две третини од мрежата а во моментот е распишан тендер за изградба на пречистителната станица и до крајот на оваа година Добромири ќе има комплетно функционална канализациона мрежа.
• Ја градиме модерната спортско рекреативна патека која ќе значи поврзување на Новаци со манастирот Рождество на Пресвета Богородица што беше едно мое предизборно ветување кое веќе се реализира. Вкупната должина на пешачката патека е 1440 метри која ќе содржи пешачка патека во должина од 378 метри која ќе биде поплочена, велосипедска патека од асфалт во должина од 660 метри и атлетска патека изработена од тартан во должина од 400 метри. Во рамките на патеката започнавме да градиме и гледалиште – амфитеатар и скејт парк кој исто така беше мое предизборно ветување.
• Во изминатите 4 години во Општина Новаци асфалтирани се вкупно 10 километри локални патишта и улици.
• Го изградивме плоштадот пред куќата на македонската хероина од илинденскиот период Калеш Анѓа во мариовското село Старавина.
• Во изминатите три години реконструиравме и изградивме нови тротоари во селата: Далбеговци, Новаци, Добромири, Долно Агларци и Рибарци со вкупна должина од скоро 2 км.
• Изградивме примарен цевковод за водоснабдување на селата: Бач и Живојно со вкупна должина од 6 км.
• Изградивме спортско игралишете за мал фудбал по најсовремени модерни стандарди во село Бач.
• Бидејќи ФК Новаци се натпреварува во втората македонска фудбалска лига направивме темелна реконструкција на фудбалскио стадион во Новаци со што ги задоволивме критериумите и стандардите на ФФМ за сите рангови на фудбалско натпреварување.
• Саниравме, реконструиравме и обновивме 9 детски паркови во селата: Гермијан, Далбеговци, Новаци, Добромири, Долно и Горно Агларци и Рибарци.Оваа година во 6 детски паркови поставивме нова гума и нови играчки.

📌 Саем за отчет „4 години работа за тебе“ – ВМРО-ДПМНЕ
Денес присуствувам на саемот за отчет на градоначалниците, каде…

Posted by Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци on Sunday, August 24, 2025

КУРИР: Која е Вашата визија за општина Новаци, како рурална општина која се наоѓа во срцето на Пелагонискиот регион за да биде подобро место за живеење?

Стевановски: Мојата визија за општина Новаци е таа да биде современа, уредена и перспективна рурална средина која ќе го задржи својот традиционален дух, а истовремено ќе создава услови за квалитетен живот на сите граѓани. Како општина во срцето на Пелагонија, Новаци има потенцијал да биде лидер во земјоделското производство, но и во развојот на енергетиката, инфраструктурата и туризмот. Моја цел е да обезбедиме модерна локална инфраструктура, подобри јавни услуги, вложувања во образованието и културата, како и создавање можности за младите да останат и да ја градат својата иднина тука. Верувам дека со одговорно управување и соработка со граѓаните, Новаци може да стане пример за тоа како една рурална општина може да се развива и да биде подобро место за живеење.

Синоќа се отвори 4-тиот по ред “Фестивал на жетвата” во Новаци. Со богата музичка програма, програма за најмладите, но и…

Posted by Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци on Saturday, July 19, 2025

КУРИР: Дали имате стратегија за привлекување на странски инвестиции во новата Индустриска зона во Новаци?

Стевановски: Да, имаме јасна стратегија за привлекување на инвестиции во новата Индустриска зона во Новаци. Нашата цел е да создадеме поволна бизнис-клима преку уредена инфраструктура, транспарентни процедури и активна поддршка за инвеститорите. Веќе имаме домашни инвеститори кои за скоро ќе ги удрат темелите на новите индустриски капацитети а бизнисмени од Турција веќе купија парцели во индустриската зона, што е доказ дека нашите напори да ја позиционираме Новаци како атрактивна локација даваат резултати. Во наредниот период ќе продолжиме со промоција на зоната, соработка со стопанските комори и директни контакти со потенцијални инвеститори, со што ќе обезбедиме нови работни места и економски развој за целата општина и регионот.

🔆 Завршено е поставувањето на ново улично осветлување на крак 1 и крак 2 од улиците што ќе ја поврзат новата Индустриска…

Posted by Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци on Friday, July 25, 2025

КУРИР: Како ги поддржувате најмладите земајќи предвид дека општината континуирано работи на создавање услови за поквалитетно образование?

Стевановски: Вложувањето во образованието е еден од најважните аспекти за развојот на едно општество.
Комплетно ги реконструиравме внатрешните тоалети во централното основно училиште Славко Лумбарковски во Новаци,направивме санирање на ѕидовите, молерисување, промена на подови и други занаетчиски работи во сите подрачни училишта.Набавивме смарт табли, телевизори и други помагала за современ начин на следење на наставниот процес.
Секоја година им доделуваме еднократна парична помош во висина од 10 000 денари на сите првооделенци а на сите четврто одделенци им набавуваме таблети за следење на наставата.
Први во Македонија на сите ученици во основно образование за секој училишен ден им обезбедивме оброк.
На сите редовни студенти жители на Општина Новаци кои се запишуваат прва година во прв циклус студии на државните универзитети во Македонија им ја плаќаме школарината.
Вложувањето во младите и спортот има огромно значење, не само за развојот на спортистите, туку и за целокупното општество.

КУРИР: Кои проекти за Општината ги планирате во програмата за претстојните локлани избори?

Стевановски: Во овој период ја подготвувме новата програма со која ќе излеземе пред граѓаните на Општина Новаци за наредните четири години, која ќе биде во насока на економски развој и обезбедување поквалитетни услови за живот на нашите жители.

🚧💧Градиме иднина – започнува реализацијата на важен инфраструктурен проект во Индустриската зона Новаци!

Денес правиме…

Posted by Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци on Thursday, July 17, 2025

При што сакам да најавам неколку нови проекти кои наскоро ќе започнат да се реализираат:
• Целосно ново сообраќајно решение со модерни улици и изградба на нови тротоари во Новаци
• Изградба на водовод, атмосферска и фекална канализација на новопланираните улици во Индустриската зона во Новаци – проект вреден 33 мил денари
• Реконструкција на црквата Св.Атанасиј во село Новаци
• Реконструкција на три улици во Новаци, Добромири и Долно Агларци со вкупна должина од 1300 метри
• Изградба на парк во Добромири
• Изградба на нова термоизолациона фасада во ОУ Славко Лумбарковски во Новаци и поставување на фотоволтаици на покривот и топлотна пумпа за загревање на училиштето од обновливи извори на енергија
• Изградба на пречистителна станица во Новаци
• Изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица во село Гермијан
• Санација на црквите во селата: Живојно, манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, Агларци и Бач
• Претходната Влада, владата на СДС упорно ги кочеше и не дозволуваше реализација на два мои ветени проекти во претходната кампања а тоа се изградба на бушотини и систем за наводнување на земјоделските површини во Новаци и Добромири од акумулацијата Суводол. Сакам да најавам дека системот за наводнување и 19- те бушотини во неколку населени места, ќе започнат да се реализираат до крајот на оваа година.
• Реконструкција на улица во село Гермијан
• Реконструкција на старата училишна зграда во Градешница и пренамена во музеј за културно историско наследство и дигитална изложба.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Политички пресметки: ВЛЕН ја потсети јавноста за случајот со автомобилот на Али Ахмети при бегството на Груевски

Следно

Љуботен стана симбол на победите на Дарко Костовски! Народот масовно застанува зад градоначалникот кој го врати достоинството на ова село (ФОТО)

Latest from Blog

Зеленски: Можно е „корејско сценарио“ за крај на војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека крајот на војната во таа земја е можен според „корејското сценарио“, но дека тоа не ѝ одговара на Украина од аспект на безбедносните гаранции. „Јужна

Прекин на услугите на Гугл во Источна Европа предизвика проблеми за корисниците

Корисниците во повеќе земји од Источна Европа, но и во САД, пријавија значителен и тековен прекин на услугите на Гугл, што предизвика сериозни нарушувања во работата и секојдневниот живот. Проблемите започнаа да

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не ги лаже младите и да им се извини за тоа што ги заборавија изминативе 7 години

Сериозно сме изненадени од настапите на Филипче по локалните средби со млади коишто си ги правел во текот на вчерашниот ден. Филипче им говорел на своите членови од младината, како тешко се

Путин лансира „АНТИ-Евросонг“: Плаќа луѓе да седат во публика, учествуваат и САД и Србија

Владимир Путин гја враќа Интервизија. Овој месец, рускиот претседател ќе регрутира учесници од претежно авторитарни држави вклучувајќи ги САД, Кина, Венецуела и Белорусија, за да се натпреваруваат на стар советски натпревар наречен
Go toTop