Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од областа Преспа

December 5, 2025
1 min read
Станува збор за завршен настан од проектот “Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“.
Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет, и со поддршка на Комитетот за национални малцинства, го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“.
На овој посебен настан ќе бидат презентирани традиционалните носии на трите малциства изработени со голема посветеност и љубов кон културното наследство од познатата костимографка Лирика Појани од Корча. Исто така, ќе биде промовирана и информативна брошура, посветена на историјата, значењето и идентитетот на овие носии, подготвена од Васил Стерјовски.

Настанот ќе се одржи на 6 декември 2025 година во Библиотека „Битолски конгрес“, Педагошки факултет – Корча почеток: 11:00 часот.

Покрај Македонците од овој крај и пошироко, се очекува присуство на поголем број гости од институциите на округот Корча, како и од локалната власт.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ВКЛУЧУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ ЌЕ ГО ЗАБРЗА ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ, повеќе студенти да студираат на бугарските универзитети

Следно

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Latest from Blog

ВИДЕО: Дрон погоди облакодер во Чеченија и предизвика силна експлозија

Украински дрон го погоди утрово облакодерот „Грозни-Сити“ во главниот град на Чеченија, предизвикувајќи силна експлозија, која уништила повеќе катови од еден од најпрепознатливите објекти во регионот. Првите извештаи се појавиле на Телеграм,

По Нова година ќе им се случат големи промени: Два хороскопски знаци на почеток на јануари ќе доживеат голема среќа и сѐ ќе им оди од рака

Почетокот на јануари за нив нема да биде обично продолжување на календарот, туку вистински животен пресврт, оној што долго се чека, па се случува нагло. Два хороскопски знаци ќе ја дочекаат Нова

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и со Синдикатот на Клинички центар. -Со синдикатите сме на иста страна,

ВКЛУЧУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ ЌЕ ГО ЗАБРЗА ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ, повеќе студенти да студираат на бугарските универзитети

Вклучувањето на Бугарите во уставот на Република Северна Македонија (РСМ) значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија (ЕУ) и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа
Go toTop