Во израелски бомбардирања се убиени 35.386 Палестинци во Појасот Газа

May 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 35.386 Палестинци се убиени во израелските брутални напади на Појасот Газа од 7. октомври минатата година досега, објави денес Министерството за здравство во опколената палестинска енклава, известува Анадолу.

Во соопштението на палестинското Министерство се наведвуа дека во досегашните израелски бомбардирања и гранатирања на Газа се повредени 79.366 луѓе.

„Во израелските напади последнтие 24 часа убиени се 83 Палестинци, а ранети се 105“, се вели во соопштението.

Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Заедно со нападите, Израел воведе и целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Пред Меѓународниот суд на правдата Израел е обвинет за геноцид. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бикот да се ослободи од caмoнaмeтнaтитe oгpaничyвaњa, Лавот да се воздржи од вербaлни кoнфликти

Следно

Зеленски го одби предлогот на Макрон за „олимписко примирје“

Latest from Blog

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop