Во Хатај, „Градот на толеранцијата“, каде се мешаат езанот и звукот на камбаните, земјотресот оштети и верски објекти

February 15, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА)

– Мустафа ЈИЛМАЗ

Земјотресите со епицентри во турската област Кахраманмараш ги погоди и џамијата и црквата и синагогата кои се наоѓаат во иста улица во турскиот град Хатај, кој стана симбол на „Градот на толеранцијата“, во кој се мешаат езанот (повикот за молитва) и звукот на камбаните, известува Анадолу.

Разорните земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени, со епицентри во местата Пазарџик и Елбистан во турската област Кахраманмараш, кои потресоа десет околни области, ги оштетија историските објекти во улицата „Куртулуш“, позната како првата улица која била осветлена во светот.

Џамијата „Саримије“, за која се знае дека е изградена во 16 век, исто така е оштетена во разорните земјотреси што го потресоа овој регион. Околината на џамијата, која претрпе оштетување на куполата, минарето и некои ѕидови, исполнета е со урнатини.

Во земјотресот е оштетена и Католичката црква „Антакија“, која се наоѓа во улицата зад џамијата. Има пукнатини и оштетувања на ѕидовите и внатрешните делови од црквата во кои се спроведува богослужбата.

Тажни спомени останаа од минарето и камбаната кои најдобро ги симболизираат мирот, братството и толеранцијата во градот и пред кои домашните и странските туристи не заминуваа без да се фотографираат.

Се урна дел од покривот и на синагогата, лоцирана спроти Џамијата „Саримије“ во истата улица.

Оштетувањата на овие објекти по земјотресот, тимот на АА ги сними со дрон.

Снимките направени од воздух ги откриваат димензиите на оштетувањата на објектите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата ќе одржи редовна седница

Следно

Полициска акција низ Скопје: Уапсени шест лица, пронајдена дрога

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,
Go toTop