Во 21 век, на чекор од Велес: Илјадници жители и туристичкиот бисер оставени во мрак и на немилост од ЕВН

January 11, 2026
1 min read

ВЕЛЕС – Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана агонија. На само 8 километри од центарот на Велес, во зона која важи за туристички и рекреативен центар, прекините на електрична енергија станаа секојдневие, а трпението на граѓаните е целосно исцрпено.

Револтот кулминира бидејќи проблемот не е нов – тој трае повеќе од три години. И покрај уредното плаќање на сметките и редовното пријавување на дефектите, трајно решение нема.

„Прска“ струјата при секој дожд и ветер

 

Според сведоштвата на мештаните, мрежата е толку нестабилна што при најмал ветер или дожд, снабдувањето веднаш се прекинува.

„Не зборуваме за хаварии од големи размери, туку за секојдневни прекини. Доволно е малку да заврне или да дувне ветер за да останеме во мрак. Екипите на ЕВН доаѓаат, вршат некаква санација, но проблемот суштински не се решава. Ова е малтретирање,“ велат револтираните граѓани.

Загрозени се деца, бебиња и болни лица

Особено загрижувачка е состојбата во зимскиот период. Во овој регион, каде што живеат неколку илјади луѓе, вклучувајќи многу млади семејства со бебиња, мали деца и стари лица, прекинот на струја значи и прекин на греењето.

Жителите обвинуваат дека се оставени на немилост на ниските температури, а честите струјни удари предизвикуваат сериозни дефекти на апаратите за домаќинство, за кои никој не ги обесштетува.

Огромни загуби за стопанството и туризмот

Покрај домаќинствата, овој регион е дом на две поголеми населби и повеќе хотелски комплекси кои се клучни за локалниот туризам. Стопанските субјекти трпат огромни финансиски загуби поради неможноста да ги опслужат гостите, расипување на храна и опрема, и нарушување на репутацијата пред посетителите.

Најавени тужби и самоорганизирање

Бидејќи апелите до ЕВН досега не вродија со плод, граѓаните и бизнисмените од овој регион најавуваат радикализација на своите постапки.
Тие започнуваат со самоорганизирање и подготвуваат колективни тужби против ЕВН, но и претставки до сите надлежни државни институции. Бараат итна реконструкција на мрежата и стабилно снабдување со електрична енергија, соодветно за 21 век и за регион кој е на прагот на самиот град Велес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стоилковиќ: МЕ ИЗЕДЕ ТУЃИОТ СРАМ!

Следно

Во пад на авион загина познат пејач од Колумбија

Latest from Blog

Не си играјте Гугл доктори: Истражување на Гардијан покажа дека ВИ на Гугл шири „опасни дезинформации за здравјето“

Гугл отстрани дел од своите здравствени резимеа генерирани од вештачка интелигенција откако истрагата на Гардијан откри дека луѓето биле изложени на ризик од штета поради лажни и погрешни информации. Компанијата соопшти дека

Сообраќајот се одвива во зимски услови, внимателно возење на критичните делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот

Милан се спаси од пораз кај Фиорентина (ВИДЕО)

Екипата на Фиорентина освои огромен бод на домашен терен против тимот на Милан во ремито 1:1. Екипата од Фиренца се наоѓа во многу лоша резултатска состојба и бодовите до крајот на шампионатот

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“

Личните податоци на најмалку 17,5 милиони корисници на Инстаграм наводно протекоа и се споделени на „дарк веб“ (dark web), што предизвика сериозна загриженост за приватноста и безбедноста на платформата, јави Анадолија. Компанијата
Go toTop