ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: Градоначалникот го игнорира проблемот со јаловиштето

August 14, 2025
1 min read

Јавната презентација на предлог Детален урбанистички план (ДУП) за санација на јаловиштето во Пробиштип се одржа денеска со минимално присуство – околу 10 лица, вклучувајќи презентери, советници и вработени во локалната самоуправа. Ниту градоначалникот Драган Анастасов Ладич, ниту заинтересираните граѓани не присуствуваа на настанот.

Од ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип ја критикуваат недоволната транспарентност и брзоплетоста во постапката. Според партијата, планот предвидува единствена намена за фотоволтаици, иако моменталните капацитети за производство на електрична енергија од сончеви панели се веќе искористени.

Покрај тоа, не е предвидена можност за градба на објекти за складирање на произведената електрична енергија, ниту се консултирани Министерството за транспорт и врски или Министерството за енергетика и минерални суровини.

 

Од партијата истакнуваат дека неодговорното и нетранспарентно делување може да го одложи решавањето на проблемот со јаловиштето, за кој градоначалникот претходно ветуваше дека ќе преземе конкретни чекори.

ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип се обврзува дека ќе ја следи ситуацијата и дека санацијата на јаловиштето ќе се спроведе законски, безбедно и со јавна транспарентна постапка, со цел да се обезбеди одговорност за сите евентуални неправилности и непотребно потрошени средства.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Големиот пожар кај селото Октиси ставен под контрола

Следно

ВЛЕН: ДУИ е главен двигател на српското влијание во Македонија

Latest from Blog

Нови авиолинии од Скопје кон Прага и Келн

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечер во 19:25 ќе биде обновена линијата на Виз ер до Келн со четири лета неделно – секој понеделник, среда, петок и недела. Оваа авиолинија е порака дека

Димовски: Врвниот национален приоритет што го делиме со САД е успешно завршување на процесот на евроинтеграциите

Соединетите Американски Држави се наш стабилен, доверлив и стратешки партнер. Тие во изминатите децении имаа огромна улога во развојот на нашата држава – од јакнењето на институциите, преку процесите на демократизација и
Go toTop