ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае колку пари Филипче инвестирал во Дубаи за да добие златна виза и како ги заработил

December 29, 2025
1 min read

По сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски дека поранешниот премиер гради 42-катница во Дубаи истото го потврдија и Венко Филипче и СДС. И СДС и Филипче потврдија дека Заев гради зграда во Дубаи, од каде и двајцата имаат златни визи, но велат дека Филипче не е партнер во овој милионски градежен зафат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што се јавува како дилема, и на што Филипче сè уште не дава одговори, е како и по кој основ ја стекнал златната виза за Дубаи? Некое време тврдеше дека со златната виза се стекнал поради преговори за работен ангажман во некоја тамошна болница и дека сето тоа ќе го докаже со факти и докази, но до ден денес македонската јавност документи не виде. Од друга страна за добивање златна виза во Дубаи потребна е инвестиција од минимум 500.000 долари во бизнис и недвижности. Па оттука, јавноста има право да добие јасен одговор дали Венко Филипче ја добил визата поради инвестиција од најмалку 500 илјади долари, во недвижности или бизнис? Во однос на инвестициите во недвижен имот во Дубаи, во истото јавно сведоштво, Аврамски тврди дека и Заев и Филипче имаат станови таму и дека тој бил во зградата во која двајцата ги купиле становите, посочуваат од владејачката партија.

Од таму велат дека Венко Филипче досега не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали токму оваа инвестиција во недвижен имот е основата за добивање на златна виза.

-Ако овој основ, инвестиција на 500 илјади долари во недвижен имот, е причината за добивањето на златната виза, тогаш Филипче должи уште еден одговор, како ги заработил овие пари, посебно што и тој и СДС постојано потенцираат дека работи само како доктор. А со докторска плата, а сега пратеничка, до таква баснословна сума не се доаѓа. Ако сака Филипче да ги расчисти дилемите, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа врз основа на кои вели дека ја добил златната виза за Дубаи. Доколку навистина бил ангажиран во Дубаи, договарал работа во некоја болница или кој било друг професионален ангажман, нема да му биде проблем тоа да го потврди со документи и да ги расчисти сите дилеми кои се појавија во јавноста. Затоа, наместо молк, потребни се факти и документи, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студија: Кога станува збор за долговечноста, сонот е поважен од исхраната, физичките вежби и социјалните односи

Следно

Битола: „Нискоградба“ планира силен инвестициски циклус во 2026

Latest from Blog

Путер Божиќни колачиња

Путер колачиња се класичен домашен десерт кој освојува со својот нежен вкус и арома. Совршени се за празници, за кафе или чај, а може да се консумираат и без декорација или украсени

Граничниот премин Ники (Меџитлија) затворен за товарни моторни возила

Грчкиот премин Ники (Меџитлија) е затворен за сообраќај на товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Како што информираат од АМСМ, затворањето на сообраќајот ќе биде од 10:00 до 16:00 часот. Извор:

Граничниот премин Ники (Меџитлија) затворен за товарни моторни возила

Грчкиот премин Ники (Меџитлија) е затворен за сообраќај на товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Како што информираат од АМСМ, затворањето на сообраќајот ќе биде од 10:00 до 16:00 часот. Извор:

Една камера со АИ казни 1.000 возачи за 4 дена – би можела да генерира казни до 750.000 евра за само 3 дена

Вештачката интелигенција сè повеќе презема улоги што некогаш беа резервирани исклучиво за луѓето, а контролата на сообраќајот е еден од најновите примери. Во Грција, властите започнаа пилот-проект со камери со вештачка интелигенција

Единсон Кавани стави крај на кариерата: Ги остварив соништата кои изгледаа невозможни

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани официјално го објави крајот на својата професионална фудбалска кариера на 38-годишна возраст. Тој ја објави својата одлука во проштална порака објавена на социјалните мрежи. Во неа, тој изрази
Go toTop